Тим на Фронтекс патролира на грчко-турската граница, каде што, според оваа европска гранична агенција, повеќе од 26 илјади имигранти влегле во Грција од почетокот на оваа година.
Грција, земјата во срцето на должничката криза во Европа, со децении е најслабата алка во заедничкиот граничен систем, мачејќи се да ги контролира нејзините источни граници со Турција и островскиот брег на Медитеранот.
Од стапувањето во сила во 1995 година, на Шенгенскиот договор со кој се дозволува слободен протек на луѓе и стоки низ повеќето членки на Унијата се гледаше како на еден од темелите на европската интеграција.
Како и да е, кога Европската комисија ќе го обелодени предлогот за ремонтирање на правилата во безвизната зона, се очекува тоа и да го разоткрие она што во официјален Брисел приватно се нарекува „грчка калузула“, одредба со која една земја привремено може да биде исфрлена од Шенген.
Во таков случај, повторно ќе бидат воспоставени гранични контроли меѓу земјата и другите во Унијата.
„Секој потег за исклучување јасно ќе се однесува на Грција која е проблем за Шенген уште откако влезе во зоната во 2000 година“, вели Хуго Бреди, од Центарот за европски реформи во Брисел.
Од околу 104 илјади мигранти кои во минатата година илегално влегле во Унијата, скоро 88 илјади пристигнале преку границите на Грција. Во предлозите на Европската комисија, како што наведува Фајненшал Тајмс, се прецизира дека суспензијата од Шенген ќе се употребува како последна мерка доколку земјата не успее да одговори на европската помош.
Сепак, некои претставници веруваат дека Грција веќе ја достигнала таа фаза.
„Неопходно е земјите членки да живеат со нивните обврски“, наведува шведскиот министер за имиграција, Тобијас Билстрем, додавајќи дека, иако можеби мерката за исклучување е радикална, таа не треба поради тоа и да биде иссфрелна како можност.
Грција исто така загуби симпатии и во врска со начинот како ги третира мигрантите. Само еден процент од апликациите за азил се одобрени, споредено со Шведска каде што таа бројка изнесува 70 отсто.
Атина вети дека ќе ги зацврсти граничните контроли. Но, соочена со буџетски дефицит без преседан и со потребата од кратење на трошоците, остануваат сомневањата дали контролирањето на миграцијата ќе биде приоритет за грчката влада, заклучува весникот Фајненашл тајмс.

Секој потег за исклучување јасно ќе се однесува на Грција која е проблем за Шенген уште откако влезе во зоната во 2000 година.
Од околу 104 илјади мигранти кои во минатата година илегално влегле во Унијата, скоро 88 илјади пристигнале преку границите на Грција. Во предлозите на Европската комисија, како што наведува Фајненшал Тајмс, се прецизира дека суспензијата од Шенген ќе се употребува како последна мерка доколку земјата не успее да одговори на европската помош.
Имигранти на брод на Фронтекс во Пиреја