Американскиот претседател Барак Обама во Њујорк имаше средба со палестинскиот лидер Махмуд Абас пред најавеното негово излагање на Генералното собрание на Обединетите нации на кое ќе побара гласање од 193 земји членки на Светската организација за признавање на палестинската држава.
Обама, исто така се сретна и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при што го уверил во непоколебливата американска поддршка.
„Мислам дека Палестинците сакаат да постигнат држава преку меѓународната заедница, но тие се уште не се подготвени на Израел за возврат да му понудат мир. Се надевам дека ќе има и други одговорни лидери кои ќе го послушаат вашиот повик, Господине претседател, и ќе се спротивстават на ваквиот обид“, изјави Нетанјаху на средбата со Обама,
Американскиот претседател претходно, на годишниот собир во Њујорк, порача дека мир може да се постигне само преку директни разговори меѓу Израелците и Палестинците.
„На крајот на краиштата, Израелците и Палестинците, а не ние, се тие што мора да постигат договор за проблемите што ги делат: за границите и безбедноста, за бегалците и за Ерусалим. На крајот на краиштата, мирот зависи од компромисот меѓу народите кои мора да живеат заедно и долго време откако нашите говори ќе завршат и откако нашите гласови ќе бидат преброени“, изјави Обама, додавајќи дека нема краток пат за постигнување мир на Блискиот Исток.
На Генералното собрание говореше и францускиот претседател Никола Саркози кој ги повика Обединетите нации на преодно решение, односно да ја прифатат Палестина, не како земја која ќе биде членка, туку која во Светската организација ќе има статус на набљудувач.
На отворањето на годишното собрание, генералниот секретар Бан Ки Мун изјави дела палестинците имаат право на држава, но исто така и дека израелците имаат право на безбедност.
,,На Блискиот Исток мора да го надминеме ќор-сокакот. Долго време се согласуваме дека Палестинците заслужуваат држава и оти на Израел му е потребна безбедност. Двете страни сакаат мир. Ние треба да им помогне да го постигнат со решение до кое ќе се дојде преку преговори.“
Бан Ки Мун предупреди и на тоа дека светот е во криза и ги повика лидерите да преземат чекори за негово спасување.
„Како да им помогнеме на нашите народи да најдат мир, просперитет и правда, кога светот е во криза“, изјави тој.
Инаку, Генералното собрание за прв пат во 66-годишната историја на Обединетите нации беше отворено од една жена. Тоа беше претседателката на Бразил, Дилма Русеф. Тема на годинашата сесија е „Улогата на посредувањето во решавањето на споровите по мирен пат“.

Од годинашното ГС на ООН

На крајот на краиштата, мирот зависи од компромисот меѓу народите кои мора да живеат заедно и долго време откако нашите говори ќе завршат и откако нашите гласови ќе бидат преброени.