Достапни линкови

Буџетска прераспределба


Со прераспределбата, 22 милиони евра се наменети за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, четири милиони добива Фондот за здравство, а повеќе од седум милиони евра ќе одат за социјални надоместоци.
Со прераспределбата, 22 милиони евра се наменети за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, четири милиони добива Фондот за здравство, а повеќе од седум милиони евра ќе одат за социјални надоместоци.

Додека за власта се работи за нормална прераспределба на неискористените буџетски средства, опозицијата предупредува дека се полнат испразнетите фондови.

За опозицијата, владината одлука за прераспределба на средствата меѓу буџетските корисници е спорна. Опозициските пратенци реагираат на одлуката за пренамена на 22 милиони евра во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Обвинуваат дека владата врши злоупотреба на државните пари, оти Фондот е празен и дека тоа го отвора прашањето за иднината на истиот.
Се обистинија нашите предвидувања дека овој начин на плаќање придонеси и оваа нивна популистичка политика која владата ја води, го испразни Фондот и тој ќе биде зависен секогаш од владата
Соња Мираковска, претеничка од НСДП.

„Се обвистинија нашите предвидувања дека овој начин на плаќање придонеси и оваа нивна популистичка политика која владата ја води, го испразни Фондот и тој ќе биде зависен секогаш од владата“, изјави Соња Мираковска од Нова социјалдемократска партија.

Демократската унија за интеграции ја поддржува оваа одлука на Владата.
Опозициските пратенци реагираат на одлуката за пренамена на средствата
x
Опозициските пратенци реагираат на одлуката за пренамена на средствата

Од оваа партија велат дека биле консултирани за измените и предложените прераспределби. Пракса е, вели Талат Џафери од ДУИ, неискористените буџетски средства да се распределат таму каде што има потреба од нив.

„Ние ја поддржуваме одлуката и во работата на комисиите и на пленарна седница. Значи одлуката за прераспределба на средствата, како и од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ ќе биде поддржана.“

Но, опозицијата реагира и на прераспределбите во министерството за труд и социјална политика. И тие се проблематични, вели Мираковска од НСДП.

„Таму се намалуваат средствата за вработените, вработените одат во министерствата таму каде што нема работа, а во Центрите за труд и социјална работа, таму каде што е основната работа, каде што директно треба да се работи со граѓаните нема доволен број вработени, нема капацитет и се разбира нема квалитет во работата.“
Преку пренамената на средства се сака само да се скријат некои работи
Зијади Сеља, пратеник од ДПА.

Предложената пренамената на буџетските средства не ја оправдува и Демократската партија на Албанците. Зијади Сеља од оваа партија вели дека истата е дискриминаторска за Албанците:

„Во секретаријатот за имплементација на Охридскиот рамковен договор се намалуваат околу 120 милиони денари што е околу 2 милиони евра, тоа е некаде околу илјада вработувања. Преку пренамената на средства се сака само да се скријат некои работи.“

Покрај 22-та милиона евра наменети за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, според предложената одлука на Владата, четири млиони добива Фондот за здравствено осигурување, а повеќе од седум милиони евра ќе одат за социјални надоместоци. Министерот за финансии Зоран Ставревски неодамна изјави дека парите биле повлечени од оние сметки кадешто имало мала реализација на проекти. Додаде дека прераспределбата нема да влијае на капиталните инвестиции.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG