Достапни линкови

Скептицизам за даночните олеснувања


Бизнисмените скептични за владината одлука за намалување на даноците.
Бизнисмените скептични за владината одлука за намалување на даноците.

Во услови на намален прилив на средства во Буџетот, владата ги намалува даноците. Домашните стопанственици скептични за одлуката.

Скептицизам за најавените даночни намалувања, изразуваат дел од стопанствениците на владините одлуки за намалување на одредени давачки. Имајќи предвид дека народната каса најмногу се полни од даноци, се поставува прашањето колку може власта да се лиши од парични приливи во услови кога се намалува приливот на средства во
Буџетот, причина која ги поттикнува шпекулациите за можен ребаланс на Буџетот во септември. За сега стопанството е се уште оптеретено со давачки, изјави Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори:
Ако ги гледаме овие елементи од една страна вработувања, од друга страна покачување на плати, пензии, од трета страна намалување на одредени даноци, тогаш веќе ми е некако сомнително тоа. Од каде средства за пополнување на буџетот?

„Даночното оптеретување на бизнисот е доста големо во Македонија и тоа е една од главните причини што не можеме да оствариме поголеми стапки на развој.“

Најавените даночни намалувања би биле поволни за стопанството, вели Мендрес Кучи од Стопанската комора за Северозападна Македонија.

„Секако дека од овие даночни олеснувања ќе има придобивки бизнисот посебно фокусот паѓа врз градежништвото, ако може на некој начин да се лоцира. Не е од проста причина и тоа затоа што ние знаеме дека „локомотивата“ во нашата држава, а и не само во нашата туку и пошироко, е токму градежништвото.“

Најавените даночни намалувања се поволни за стопанството, велат бизнисмените

Најавите за нови државни вработувања во комбинација со најавите за поткастрување на даноците создаваат скептицизам меѓу стопанствениците. Кучи, објаснува:

„Тие алудираат дека ќе вратат во нереалниот сектор, во администрацијата. Ако ги гледаме овие елементи, од една страна вработувања, од друга страна покачување на плати, пензии, од трета страна намалување на одредени даноци, тогаш веќе ми е некако сомнително тоа. Од каде средства за пополнување на буџетот? Притоа знаеме дека се промовира раст од 3 до 5%, реално тоа значи стапка на инфлација која ја има нашата држава.“
Од овие даночни олеснувања ќе има придобивки бизнисот посебно фокусот паѓа врз градежништвото.

Министерот за финансии Зоран Ставрески за медиумите изјави дека буџетските импликации за сите овие мерки се подносливи за владата.

Инаку, според податоците кои се пласираат во медиумите се гледа дека во јуни државата собрала помалку пари во народната каса во споредба со претходниот месец, во услови кога даночните олеснувања поминаа на владина седница. Останува отворено прашањето дали намалените трошоци ќе се заменат со нови расходи за стопанството.
XS
SM
MD
LG