Достапни линкови

Нови ветувања за инвестиции


Ќе има ли нови инвестиции во слободната економска зона Бунарџик?
Ќе има ли нови инвестиции во слободната економска зона Бунарџик?

Владата повторно ветува инвестициски бум. Но, експертската јавност прво бара одговор што е со реализацијата на старите ветувања за странски инвестиции?

На Македонија не и се потреби нови промотори и министри за инвестиции, нам ни требаа нов премиер за странски инвестиции. Ова го изјави поранешпниот министер за финасии Џевдет Хајредини надополнувајќи ја изјавата на поранешниот државен секретар за евроинтеграции, Перо Димшовски, кој на заминување од функцијата изјави дека нам не ни треба вицепремиер, туку премиер за евроинтеграции.
Па Груевски само го менува начинот на прикажување на големите лаги. Тој требаше да каже што е судбината на осумте милијарди странски инвестиции, колку од нив од изјавата до денеска се остварени и колку останува?

„Јас би додал дека на Македонија не и се потребни промотори и членови на влада за странски инвестиции, туку премиер за странски инвестиции. Причина за немање инвестиции е политиката на Груевски и неговата партија.“

Премиерот Никола Груевски во своето експозе пред пратениците ги повтори ветувањата запишани во Манифестот. Тој истакна дека до крајот на 2015 странските инвестиции ќе достигнат и до 30 отсто од БДП-то.

На министерот Веле Самак друштво ќе му прави и уште еден нов министер за странски инвестиции, Бил Павлески, кој заедно со 27-те промотори треба да донесат нови странски инвестиции. Но, во последниот извештај на Конференција за трговија и развој на Обединетите нации, Македонија со 293 милиони долари инвестиции, е претпоследна во регионот по нови странски инвестиции. Последна е Босна и Херцеговина.

Новата Влада повторно ветува инвестициски бум

Хајредини вели дека тоа не се пари од дирекни инвестиции туку реинвестирани добивки и докапитализација на банки, а Груевски само манипулира со бројките.

„Па Груевски само го менува начинот на прикажување на големите лаги. Тој требаше да каже што е судбината на осумте милијарди странски инвестиции, колку од нив од изјавата до денеска се остварени и колку останува? Бидејќи ништо не е дојдено пет години реално во Македонија како директна странска инвестиција и тој сега менува и во проценти почна да кажува.“

Темата странски инвестиции беше актуелна и при крајот на собраниската седница за избор на владата, каде политичките партии наместо да дебатираат за проблемот, тие се докажуваа кој од направил повеќе за народот.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, смета дека новите
Сакате да зборуваме за лага, лага на столетието?! 2009 година во пресрет на локалните избори Груевски ветува 8,5 милијарди странски инвестиции. И вие сега ќе зборувате за лаги?

инвеститиции може да се видат со голо око на излез од Скопје.

„Повеќе од јасно е дека во овие четири-пет години оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од сите влади на Бранко Црвенковски, Хари Костов или Владо Бучковски.“

Од друга страна, пак, пратеникот на СДСМ Емилијан Станковиќ смета дека странските ивестиции во земјава се мислена именка.

„Сакате да зборуваме за лага, лага на столетието?! 2009 година во пресрет на локалните избори Груевски ветува 8,5 милијарди странски инвестиции. И вие сега ќе зборувате за лаги?“

Сега, новата Влада повторно ветува инвестициски бум од половина милијарда евра годинава, но според досегашното искуство само малку од сите компании со кои Владата потпишуваше меморандуми низ годините одлучија да инвестираат тука. Најавите дека големи странски компании ќе го инвестираат својот капитал во Македонија се изјаловија, дел од нив се предомислија и ги пренасочија своите инвестиции во соседните земји или стана мистерија до каде. Министерот Самак тогаш велеше „само што не влеге во земјава“.

Економска криза имаше и во регионот, но во Србија на пример влезе странски капитал од 1,3 милијарди долари, а некои од најголемите светски познати автомобилски, текстилни и информатички компании одлучија да вложат милиони во земјата која доживува инвестициска експанзија, Албанија, која оствари прилив на странски инвестиции од 1,1 милијарди долари. Не заостануваат ниту Словенија, Црна Гора и Хрватска.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG