Достапни линкови

Либија со нова влада за 10 дена


Либија нема да биде слободна додека целосно не ја контролира својата територија, велат од Националниот преоден совет од каде и најавата дека новата влада на Либија ќе биде формирана за 10 дена. Во меѓувреме се уште не се знае каде е Моамер Гадафи?

Либиските бунтовници наишле на жесток отпор во Бани Вали што се смета за едно од последните упоришта на Гадафи. Бунтовниците се сомневаат дека предавници од нивните редови ги информираат силите лојални на Гадафи за наредните чекори.
Саади Гадафи.
x
Саади Гадафи.

Силите кои му се спротивставија на режимот на Гадафи сега контролираат поголем дел од либиската територија, освен неколку градови, но, како што соопшти Националниот преоден совет, Либија нема да биде слободна се додека не се преземе контролата врз целата територија од лојалистите на Гадафи.

Заменик шефот на либискиот Национален совет, Махмуд Џибрил, изјави дека новата преодна влада ќе биде формирана во рок од 10 дена и оти во неа ќе има претставници од сите региони во Либија.

„Во нашите преговори со сите подрачја и градови на западот, истокот и југот на земјата, па дури и со градовите кои се под наш обрач се договоривме дека сите ке бидат претставени во новата влада.“

Џибрил изјави и дека либискиот Национален преоден совет го рестартирал производството на нафта, но одби да каже каде и колку нафта е произведена.

Саади Гадафи пресретнат во Нигер

Во меѓувреме, се уште нема информации за тоа каде се наоѓа Моамер Гадафи. Еден од неговите синови, Саади, пристигнал во соседен Нигер, соопштија тамошните власти. Министерот за правда на Нигер, Мароу Адамоу, изјави дека Саади Гадафи бил со конвојот што бил пресретнат од нигерските вооружени сили. Конвојот се движел кон градот Агадез.
Денеска регистриравме уште еден конвој со 9 Либијци. Меѓу нив беше синот на Гадафи, Саади.

„Денеска регистриравме уште еден конвој со 9 Либијци кои пристигнаа во Нигер. Меѓу нив беше синот на Гадафи, Саади. Тие се пресретнати од нашите безбедносни сили.“

Саади Гадафи има 38 години. Во 2004 година тој се откажа од фудбалската кариера и се приклучи на армијата, каде беше командант на елитна единица. Нигер минатата недела вети дека ќе ги почитува меѓународните обврски и ќе спречи Либијци да влезат на територијата на Нигер.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG