Достапни линкови

2011 - Година на глобален револт


Постои ли таква работа како глобално расположение? Особено кога толку многу различни земји низ светот се зафатени со улични протести.

Постои ли таква работа како глобално расположение? Особено кога толку многу различни земји низ светот се зафатени со улични протести или со народен револт. 2011 станува година на глобално огорчување, се наведува во анализата објавена во Фајненшал Тајмс.

Арапската пролет и даде тон на годинава која продолжи во поумерена форма на народен револт низ целата планета. Во Европа имаше политички нереди во Атина, протестни седенки во Мадрид и грабежи во Лондон. Во Индија, илјадници демонстранти излегоа во поддршка на штрајкувач со глад поради корупцијата во земјата. Нешто слично имаше и во Кина, додека во Чиле во изминативе два месеца студентите и синдикатите маршираат со социјални барања. Во Израел пак, луѓето излегоа да се побунат против се поскапото секојдневие.


Сите тие сигурно дека беа со изевсни разлики, пишува во текстот на Фајненшал тајмс во кој се додава:

„Она што е заедничко на протестите во Египет, Тунис, Либија, Шпанија, Израел и Грција е бесот од немањето можности за младите и од ерозијата на животниот стандард на средната класа“.

Повеќето од земјите погодени со нереди експлицитно го прифатија порастот на нееднаквоста како цена вредна за брз економски развој. Дури и во Кина во која со децении Комунистичката партија се противеше на капитализмот, Ден Ксиаопинг изјави: Убаво е да се стане богат.
Она што е заедничко на протестите во Египет, Тунис, Либија, Шпанија, Израел и Грција е бесот од немањето можности за младите и од ерозијата на животниот стандард на средната класа.

Сепак, во многу од тие земји постојат моќни егалитаристички традиции кои се уште свират на народен акорд. На револтот во Мадрид, Атина и Париз се бараше поддршка на европскиот социјален модел кој ветува слободно образование и здравство и подостојни плати за сите.
Примамливо е да видите дека сите овие пресврти што се поврзани со глобализацијата им ги зголемија приходите на богатите и создадоа меѓународен пазар на работна сила што ги држи платите на ниско ниво на неквалификуваните, барем на Запад. Глобализацијата, исто така, ги негуваше комуникациските мрежи кои овозможуваат идеите и сликите на револт да се прошират низ целиот свет.

Но, создавањето глобално расположение е мистериозна работа. Во 1968 година, пред да бидат измислени зборот „глобализација“ или интернетот имаше студентски бунтови низ целиот свет. Во 1989 година немаше само паѓање на Берлинскиот ѕид, туку и револт на плоштадот Тјенанмен во Пекинг. Можеби 2011 ќе се рангира заедно со 68-та и 89-та како година на глобален револт.


Има уште еден исклучок. Соединетите Држави. Америка покажува многу од социјалните и економските трендови кои ги имаат и другите земји: зголемување на нееднаквоста, закана за животниот стандард на средната класа, гнев против политичката и бизнис елита. Сепак, досега, сиот тој бес е изразен во медиумите или во гласачките кутии, но не и со нереди на улиците.

Политичката култура на Америка отсекогаш била повеќе индивидуалистичка и помалку егалитизирана од онаа на другите народи. Имено, додека постојат огромни награди за успешните во САД, постои верување дека злосторниците ќе бидат казнети. Тоа праќа порака дека никој не е над законот и дека корупцијата нема да се толерира. Американскиот претседател Барак Обама е обвинет дека не верува во американски исклучок. Но, ова е еден вид исклучок за кој Обама може да биде благодарен.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG