Многу европски земји се соочуваат со финансиска криза која ги ослабе и ги изолира. Но, на нашите телевизии се појавија многу различни слики за колективниот одговор на кризата.
Насилни нереди во Атина, лутина на улиците во Шпанија и навидум нормална работа во Ирска.
Во Грција има огромен бес за условите од Меѓународниот монетарен фонд кој се претвори во насилна акција против грчката влада. Во Даблин, пак, животот повеќе или помалку продолжи како и претходно. Можеби нема толку пари како некогаш, но разочарувањето изгледа е скриено.
Што одредува дали некоја земја ќе биде зафатена со отворен револт против владата или, пак, среќно заедно со неа ќе направи се што таа вели дека мора да се стори?
За ова треба да се разгледаат и културните традиции на една земја. Дали станува збор за мачо-кулутра во која никој не сака да му се потчини на ММФ? Или пак, некој сака моменталната ситуација да ја искористи против владата?
Можеби има нешто во психата на Грците и на Ирците, поради што двата народа различно размислуваат за тоа како и зошто се потребни острите мерки за штедње. Што со емоционалниот одговор може да постигнат Грците?
Промена на владата што, пак, од друга страна, е јасен сигнал дека Грција нема да може да излезе од кризата? И што потоа? Изразувањето лутина не носи решение, но може да ве направи да се чувствувате подобро, барем за кратко време.
Но, ако нередите носат емоционално олеснување, тогаш зошто исто така не постапуваат и други земји? Одговорот можеби е поврзан со шемите на индивидуалното размислување, особно како поединците размислуваат за причините кои доведоа до кризата.
Ако мислите дека финансиската криза е поради надворешни фактори, Соединетите Држави и тамошните сомнителни зделки на пазарот на недвижнини например, тогаш станувате бесни.
Но, има и други патишта на размислување. Едниот е дека во целата таа работа биле вклучени и банки од многу други земји. Во годините на „Келтскиот тигар“, многумина во Ирска заработија милиони. Се чинеше дека можеше да се заработи на секое ќоше. Можете да мислите дека тие биле алатка во предизвикувањето на финансиската криза. Во таков случај вие ќе бидете лути. Но, некои за финансиската криза не ги обвинуваат другите.
На извесен начин, сите немирни Грци на улиците на Атина потсетуваат на тоа дека кога сонцето свети и парите извираат, тие се смеат, играат на улиците и се чувствуваат добро. Кога економскиот балон пука и времињата стануваат тешки, тогаш тие ги обвинуваат другите. Тие ги вентилираа нивните чувства и си разјаснија дека тоа нема ништо со нив, пишува Џефри Бити професор по психологија на Универзитетот во Манчестер во анализата објавена во весникот Индепендент.

На извесен начин, сите немирни грци на улиците на Атина потсетуваат на тоа дека кога сонцето свети и парите извираат, тие се смеат, играат на улиците и се чувствуваат добро. Кога економскиот балон пука и времињата стануваат тешки, тогаш тие ги обвинуваат другите.