Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија инсистираат на спроведување на план за зголемување на даноците и кратење на трошоците со кој во грчкиот буџет би се обезбедиле 28 милијарди евра, со цел да се овозможи исплаќање на следната рата од кредитот за помош тежок 110 милијарди евра.
Официјална Атина, пак, соопшти дека на државата и се потребни 12-те милијарди евра од новата рата со цел да избегне банкрот. Грчкиот Премиер Јоргос Папандреу зависи од тесното мнозинство чија решителност околу овој е неизвесна. Имено, како што пишуваат некои западни медиуми, можни се бунтовници и во редовите на владеачкиот ПАСОК.
Отпор во Грција

Официјална Атина, пак, соопшти дека на државата и се потребни 12-те милијарди евра од новата рата со цел да избегне банкрот.
Грчкиот Премиер Јоргос Папандреу зависи од тесното мнозинство чија решителност околу овој е неизвесна. Имено, како што пишуваат некои западни медиуми можни се бунтовници и во редовите на владеачкиот ПАСОК.
Од друга страна, стотици демонстранти остануваат на атинскиот плоштад Синтагна, лути поради поради намерите за натамошни мерки за штедење по трите години длабока рецесија. Грција, исто така, се соочува и со
штрајкови на Сидникатите и некои опозициски партии, така што, се на се, ни малку лесна задача за грчката влада.
Сепак, претходно во Брисел, грчкиот премиер Јоргос Папандреу вети дека во парламентот ќе поминат радикалните економски реформи.
„Јас верувам дека сме на стабилен и многу тежок курс за Грција со многу жртви, но тоа може да ни обезбеди стабилна економија и за тоа добивме подршка од партнерите и тоа се позитивни знаци за иднината на Грција.“
Подршка од ЕУ
Грција имено доби согласност од меѓународните кредитори за 5-годишниот економски план кој има за цел да ја спаси државата од банкрот. ЕУ од своја страна, ја афирмираше посветеноста да и помогне на Грција да ја преживее должничката криза. А во контекст на подршка за владата на Папандреу за усвојување на пакетот мерки по состанокот во ЕУ, Претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо, изјави:
„Сакаме да ја искористиме секоја можност да стимулираме работни места и растеж во Грција. Фискалната реформа и структурната реформа се неизбежни, приватизацијата исто така и тоа се придонеси за растеж.“
Претходно во Атина, министерот за финансии на Грција, Евангелос Венизелос, постигна договор со ЕУ и ММФ за дополнително зголемување на даноците и ограничување на расходите за да се обезбедат 3,8 милијарди евра од пакетот од 28 милијарди евра кои Атина вети дека ќе ги обезбеди. ЕУ го повика Парламентот во Атина да ги усвои предложените реформи.

Јас верувам дека сме на стабилен и многу тежок курс за Грција со многу жртви, но тоа може да ни обезбеди стабилна
економија.