Една година откако Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија и го наметнаа нивниот сега неславен меморандум на штедење на Грција, животот во земјата радикално се промени.
Ако сте меѓу 18 и 24 години, можеби сте невработени, како и 40 отсто од таа генерација.
Ако сте во триесетите години и имате работа, таа е веројатно со скратено работно време и несигурна и немате поим колку долго ќе трае.
Вашата станува се пониска, не можете да штрајкувате, не можете да се организирате колективно, па дури некогаш не ве ни плаќаат.
Празници не доѓаат предвид, да се разболите е премногу ризично, а не можете да си го платите и станот.
Младите во Грција не можат повеќе да прават избор на обични живот опции, тие не можат да ја планираат сегашноста, а камоли иднината. А притоа им се кажува, а и тоа го чувствуваат, дека не можат да се жалат.
После се, тие се припадници на една осудена генерација. Голем број обични Грци престанаа да гледаат вести или да размислуваат зошто ова им се случува. Оваа нова реалност се доживува исто како и натприродна појава.
Минаа помалку од 12 месеци откако оваа криза започна, но се зголемува бројот на малите приказни кои ја илустрираат промената: бездомници во потрага по храна; пријатели отпуштени без надомест; полицајци претепуваат граѓани кои протестираат; затворање училишта и болници; цензурирани новинари; прогонувани синдикалци и расистички напади во центарот на градот.
Законитост, демократија и еднаквост почнаа да изгледаат малку чудни зборови. Одеднаш, нештата кои само пред една година се случуваа во далечни и неразвиени сега се случуваат во Грција.
Но, Грците не можат да се жалат, не можат да реагираат, затоа што им е кажано дека кризата е нивна грешка, дури и ако секој знае дека не може да биде само нивна вина, се наведува во текстот објавен во Гардијан.
Меѓутоа, надвор од главните медиумски известувања и декларации на елитите и политичарите, се повеќе и повеќе луѓе се помалку во нивниот секојдневен живот наоѓаат смисла, рационалност, правда и слобода.
Некои одбиваат да платат за транспорт и болнички трошоци, патарини и долгови, други создаваат мали локални мрежи на солидарност и алтернативна трговија.
Целиот народ не веќе не може да живее во изолација, страв и вина и да се соочува со иднина полна со проблеми кои не можат да бидат решени. Она што го знаат и од што страхуваат ММФ и грчките политичари е дека угнетените луѓе можат да научат да комуницираат без зборување, да се спротивстават без отпор и постепено да најдат кој е навистина виновен.
А, тогаш, како што се случи во декември 2008 година, може да има масовна реакција во Грција, која може да биде насилна и која уште еднаш може да биде наречена непредвидлива и ирационална, се заклучува во текстот објавен во Гардијан.

Она што го знаат и од што страхуваат ММФ и грчките политичари е дека угнетените луѓе можат да научат да комуницираат без зборување, да се спротивстават без отпор и постепено да најдат кој е навистина виновен.