Достапни линкови

Еврозоната минува на план Б?


EU - A picture of some Euro banknotes and various Euro coins, 14Oct2006
EU - A picture of some Euro banknotes and various Euro coins, 14Oct2006

Стратегијата за спасување на евро зоната не функционира, оценува весникот Економист, додавајќи дека е време е несолвентните земји да ги реструктуираат нивните долгови.

Во изминативе неколку недели, односно за време на Божиќните празници, европејците ги подзаборавија нивните суверени должнички кризи.

Сега тие повторно се соочуваат со мрачната реалност.
Протести пред парламентот на Ирска

Португалија деновиве беше принудена да продаде државни обвзници, а сега се зголемија страхувањата и за долгот на Белгија поради колебливста на инвеститорите од тамошната политичка криза.

Шпанија веќе виси, се наведува во текстот, објавен во магазинот Економист, во кој се додава: сето ова води до депресивен заклучок.

Европската спасувачка стратегија, дизајнирана да ги олади финансиските пазари и да подигне ѕид меѓу периферијата и центарот на еврозоната, не успева.

Инвеститорите стануваа се понеровозни, а кризата продолжува да се шири.
Планот А, базиран врз одложувањето на реструктуирањето на погодените европски земји вредеше, но само за да се добие извесно време.

Сега веќе не функционира. Значи, неопходен е план Б.
Европската спасувачка стратегија, дизајнирана да ги олади финансиските пазари и да подигне ѕид меѓу периферијата и центарот на еврозоната, не успева.

Првичниот одговор за спасување на Грција во мај лани е недовршен поради сопствена контрадикција.

Европските политичари креираа систем за правење заеми за неликвидните влади на краток период, но истовреме, на инсистирање на Германија, ставија јасно до знаење дека на среден период тие треба да ги реструктираат нивните долгови.

Несигурни за тоа кој евентуално ќе биде несолвентен, инвеститорите се нервозни, а долговите растат. Некои велат дека реструктирањето треба да почне со Грција, Португалија и Ирска и оти со тоа би можело да се ограничи кризата на овие три периферни економии.

Тоа треба да се направи што е можно побрзо, се наведува во текстот на Економист во кој се додава дека цената на купувањето време со заеми прерасна во јасна болка.

Товарот на земјите што беа спасени е огромен. Спасувањата на Грција и на Ирска ги зголемија нивните долгови.

Во исто време станува политички невозможно да се бараат поостри и построги мерки за да се исплатат долговите. Така, на подолго време, реструктуирањето е оставено настрана.
Доколку европските лидери се држат до планот А, должничката криза ќе продолжи да се продлабочува.

Но, аналитичарите сметаат дека токму сега е потребно реструктирање на долговите со цел погодените економии да дојдат на патот на одржлив развој.

Притоа, како што се додава, треба сите кредитори, вклучувајќи ги владите и Европската централна банка, да дадат свои влогови.
Претседателот на Франција Никола Саркози, германскиот канцелар Ангела Меркел и премиерот на Словенија Борут Пахор на ЕУ самит

Исто така ќе бидат потребни и нови пари за спасување, како подготвеност за евентуална одбрана на Белгија, Италија и Шпанија.

Доколку европските лидери се држат до планот А, должничката криза ќе продолжи да се продлабочува.

Доколку се нафатат на реструктуирање, тогаш тие ќе имаат шанса да ја остават кризата зад нив.

Планот Б бара мудро техничко менаџирање и политичка храброст. На европските политичари е да ги најдат, се наведува во текстот на Економист.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG