Достапни линкови

Битка за Триполи


Саиф ал Ислам
Саиф ал Ислам

Експлозии и жестоки престрелки изутрината се слушале во Триполи, особено во околината на комплексот на либискиот лидер Моамер Гадафи. Сепак, се уште не е јасно каде тој би можело да се наоѓа. Неговиот син Саиф ал Ислам за кој се сметаше дека бил заробен изјави дека Гадафи бил на сигурно.

Либијските бунтовници соопштија дека контролираат 80 отсто од главниот град Триполи. Сепак, според нив, во градот имало места каде што наидувале на отпор од владините сили.

Телевизијата Ал Арабија, цитирајќи изјави на бунтовниците, јави дека во воздушните напади на НАТО било погодено седиштето на Гадафи Баб ал Азизија.


„Баб ал Азизија се уште е под контрола на Гадафи. Околу седиштетото има тенкови. Сега правиме план како да го освоиме без многу крвопролевање“, вели Јуселф Арадат од бригадата на бунтовниците која е околу резиденцијата на Гадафи.

Командантот на бригадата Хишам Бураџад, пак, додава:

„Секако дека народот победи. Гадафи го нема. Тој се уште не е мртов, но како да е мртов. Го нема.“

Претставници на американската одбрана, пак, соопштија дека силите на Гадафи истрелале уште една ракета од типот Скад.
Секако дека народот победи. Гадафи го нема. Тој се уште не е мртов, но како да е мртов. Го нема.

Франс прес, исто така цитирајќи бунтовнички извори, јавува дека неколку бродови со борци и оружје кои испловиле од Мисрата пристигнале во Триполи.

Во меѓувреме, западните новински агенции јавија дека Саиф ал Ислам, синот на Гадафи за кој се сметаше дека бил заробен, всушност бил слободен и се наоѓал во Триполи.

Саиф ал Ислам, кој своевремено важеше за наследник на Гадафи, денеска се појави во хотелот каде што се сместени странските новинари. Тој изјави дека неговиот татко бил на безбедно и оти Триполи не е во рацете на бунтовниците.

Синот на Гадафи слободен во Триполи
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:20 0:00


„Најпрвин сакам да ги демантирам гласините. НАТО и Западот имаат модерна технологија и ги блокираат нашите комуникации. Тие креираа медиумска и електронска војна за да шират хаос и страв во Либија“, изјави Саиф ал Ислам, за кого вчера бунтовниците соопштија дека го заробиле, а тоа го потврди и Меѓународниот кривичен суд кој има издадено потерница по него.

„Гадафи е непредвидлив. Сега тој ќе направи се. Зошто убиваше Либијци досега? Не за да победи, туку за да им се одмазди. Тој само сака да убива. Сака на Либијците да им одржи лекција“, изјави за Си Ен Ен либијскиот амбасадор во Вашингтон Али Сулејман Ауџали.





Претходно, американскиот претседател Барак Обама на либијскиот народ му ја изрази американската поддршка.

„Вашата револуција е само ваша и вашите жртви се извонредни. Сега, ви е на дофат Либија која ја заслужувате. Ние и натаму тесно ќе соработуваме со Преодниот национален совет.“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан ки Мун, ги повика силите лојални на Гадафи да ги прекинат борбите и да отворат пат за непречена транзиција.

Стотици бунтовници вчера промаршираа во центарот на Триполи, што претставува пресвртница во нивните шестмесечни борби против режимот на Момаер Гадафи кој 42 години е на власт.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG