Достапни линкови

Обама и Камерон побараа Гадафи да отстапи


Двајцата лидери го повторија апелот до лидерот на северноафриканската земја да се повлече од функцијата.

Американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерон се заложија да не го намалат притисокот врз либискиот лидер Моамер Гадафи. Двајцата лидери го повторија апелот до Гадафи да се повлече од функцијата.

„Јас и претседателот се согласивме дека треба да стане пожешко во Либија. Верувам дека има притисок врз режимот, судејки по тоа дека бунтовниците освоија поголем дел од Мисрата. Се гледаат и успеси во останатите делови на земјата“, рече Камерон.


Обама, пак, рече дека ќе се продолжи со противењето на насилниците.

„Тоа е една од причините поради кои заедно работиме во Либија, со НАТО и другите сојузници и партнери – со цел да се заштити народот во Либија. Ќе продолжиме со операциите се` додека нападите на Гадафи врз народот не престанат“, изјави американскиот претседател.

Попладнево се очекува Обама да се обрати пред британскиот Парламент. Утре, првиот човек на САД и британскиот премиер ќе присуствуваат на самитот на Г8 во Франција. На средбата предвидени се дискусии за промовирање на демократија на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG