Летот за Лондон беше планиран за денеска, но бил презакажан поради прогнозите дека облакот по вулканската ерупција на Исланд би можело да го наруши авиосообраќајот над Британија.
Претседателот Барак Обама одржа говор во центарот на Даблин каде што го повтори неговиот стар слоган од претседателската кампања, овој пат на ирски, како охрабрување на земјата која се уште се справува со економската рецесија.
„Запамтете дека без оглед какви потешкотии зимата може да донесе, пролетата секогаш е зад аголот и ако продолжуваат да се расправаат со вас одговорете им: Да, ние можеме.“
Обама пред неколку десетици илјади луѓе во Даблин исто така ја потенцира, како што рече, крвната врска меѓу Соединетите Држави и Ирска.
Околу 37 милиони Американци тврдат дека имаат ирско потекло.
Еден од нив е и Обама кој пред говорот во Даблин го посети Манигал, село со околу триста жители од каде што потекнувал неговиот прадедо, чевларот Фалмаут Керни.
По скратениот престој во Ирска, претседателот Обама во Британија е гостин на кралицата Елизабета Втора, а предвидено е в среда да одржи говор пред двата дома на британскиот парламент.
Медиумите во Лондон веќе почнаа да шпекулираат која фраза ќе ја употреби тој за да го опише американското партнерство со Британија „специјални“ или „суштински односи“.
По Лондон, претседателот Обама заминува за Франција на состанок на лидерите на Групата осум најразвиени земји, каде што според најавите, ќе инсистира на поголема поддршка за демократските аспирации на народите на Блискиот Исток и во Северна Африка.
На состанокот се очекува да бидат допрени и темите како НАТО мисијата во Либија и американските планови за повлекување на војниците од Авганистан. Европската турнеја, претседателот Обама ја завршува со посетата на Полска.
Заменик американскиот советник за национална безбедност Бен Родс оцени дека станува за многу важен дел на турнејата, бидејќи Варшава е еден од клучните европски сојузници.
Американскиот претседател ја завршува посетата на Полска со вечера на која, заедно со полскиот претседател Бронислав Коморовски, ќе им биде домаќин на лидерите на земјите од Источна и Централна Европа.
Станува збор за сличен собир што Обама го одржа за време на потпишувањето на новиот СТАРТ договор во јули 2009 година во Прага.

Медиумите во Лондон веќе почнаа да шпекулираат која фраза ќе ја употреби Обама за да го опише американското партнерство со Британија ,,специјални“, или ,,суштински
односи“.