Достапни линкови

Несериозна кампања за името?


Според аналитичарите, прашањето за името вообичаено се актуелизира во овој период од годината. Тие не гледаат поголема подготвеност на власта за компромис.

Подготвеноста за решавање на спорот со името и неофицијални најави дека промената на името би претставувало наоѓање на „прекар“ за земјава не влеваат надеж кај дел од политичките аналитичари кои ги
Секогаш пред Генералното Собрание на ОН или пред подготвувањето на Извештајот од наша страна се праќаат позитивни пораки, дека има подготвеност да се реши проблемот со името, но потоа пак се продолжува по старо.

консултиравме.

Политикологот Мерсел Биљали смета дека вакви позитивни сигнали се веќе вообичајна појава во овој период од годината.

„Значи, ако ги пратиме ставовите пред една година, пред две години, пред три години. Секогаш пред Генералното Собрание на ОН или пред подготвувањето на Извештајот од наша страна се праќаат позитивни пораки, дека има подготвеност да се реши проблемот со името, но потоа пак се продолжува по старо. И сега се воздржувам и не сум сигурен дека има реална политичка волја да се реши.“


Евидентно е дека одредени јавни личности кои се познати како подржувачи на власта го променија мислењето – од строги противници на било каква промена на уставното име, сега тврдат дека ќе се изнаоѓа „прекар“ и слично. Веројатно станува збор за проценка на власта, смета Биљали.

„Се смета ако нема излез, во крајна линија би отишле да го реши проблемот и затоа и поддржувачите и тие кои перманентно биле против промената на името, сега уфрлаат пораки до јавноста дека тоа и не би било промена на името ако се додаде географска одредница.“

Професор Стево Пендаровски, пак, вели дека овие луѓе немаат политичко влијание, независно дали лично се познаваат со некој од владата.

„Кога ќе чуете таква или слична изјава од некој кој е во Владата или некој од партијата кој е близок до премиерот тоа може да биде знак дека нешто се подготвува. Ова не значи никаква подготовка на јавното мислење,
Ова што премиерот го изјавува последните денови е по мое мислење пасивна позиција дури и по однос на неговите сопствени изјави за истото прашање пред само неколку месеци.
затоа што јавното мислење во Македонија за промена на акронимот ФИРОМ на еден многу посериозен начин, со многу повеќе луѓе. Цела мрежа на луѓе, медиуми треба да се вклучат, а не само одредени креатори.“

Најавите на власта за решавање на билатералниот спор, Пендаровски ги смета за вербална офанзива која се презема еднаш до два пати годишно.

„Постојат некои спорадични обиди на ДУИ да испровоцира поголема активност на клучната македонска партија во владата од која најмногу зависи решението, но не гледам дека тоа наидува на добар одек во ВМРО-ДПМНЕ. Ова што премиерот го изјавува последните денови е, по мое мислење, пасивна позиција дури и по однос на неговите сопствени изјави за истото прашање пред само неколку месеци.“
XS
SM
MD
LG