Достапни линкови

Нови преговори за името


Одлуката по тужбата на Македонија против Грција во судот во Хаг најверојатно ќе биде донесена во текот на ноември.
Одлуката по тужбата на Македонија против Грција во судот во Хаг најверојатно ќе биде донесена во текот на ноември.

Независно од процесот во Хаг, извесно е дека оваа есен ќе бидат реобновени и преговорите за името кои повеќе од една година стагнираат.

Одлуката по тужбата на Македонија против Грција за прекршување на времената спогодба најверојатно ќе биде донесена во текот на ноември. Неколку денови или недели не менуваат ништо, категоричен е
Една работа треба да се нотира, дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата суштински ќе влијае на односите меѓу Македонија и Грција. Ќе реши едно спорно прашање или едно од спорните прашања кое што постои помеѓу двете држави.

универзитетскиот професор Тони Дескоски.

„Меѓународниот суд на правдата решава исклучиво за тоа дали постои повреда на член 11 од Времената спогодба за време на Самитот во Букурешт во 2008 година.“

Професорот по меѓународно приватно право Десковски е дел од експертскиот тим што ја застапува Македонија пред Меѓународниот суд за правда.

„Една работа треба да се нотира, дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата суштински ќе влијае на односите меѓу Македонија и Грција. Ќе реши едно спорно прашање или едно од спорните прашања кое што постои помеѓу двете држави, а спорните прашања секогаш ги нарушуваат односите.“

„Одлуката на Меѓународниот суд би било нешто ново и би било нешто што би ги мотивирало двете страни да почнат да преговараат повеќе и суштински, бидејќи тоа недостасуваше до сега, суштински преговори“, коментира грчкиот аналитичар Јоргос Пападакис.

Јоргос Пападакис.

Независно од процесот во Хаг, извесно е дека оваа есен ќе бидат реобновени и преговорите за името кои повеќе од една година стагнираат. Причината може да се лоцира во молкот од една страна на медијаторот Нимиц и од друга на неиницијативноста на Скопје и Атина. И двете страни во изминатиов период беа преокупирани со домашни прашања – изборите во Македонија и излез од финансиско-економската криза во Грција. Професор Димитар Мирчев навестува есенско интензивирање на македонско-грчкиот дијалог.

„Посредниот Нимиц ќе настапи во оваа рунда со некои конкретни, интелегентни предлози кои ќе вродат кон завршување на процесот.“
Посредниот Нимиц ќе настапи во оваа рунда со некои конкретни, интелегентни предлози кои ќе вродат кон завршување на процесот.

Во исчекувања на пресудата од Хаг, во домашната јавност се создава атмосфера од неоходноста за дефинитивно затворање на дводеценискиот спор.

„Груевски максимално што може да прифати е да се изнајде взаемно прифатливо, пред се за нас прифатливо име, кое ќе се користи ограничено во светот“, проценува екс-министерот за надворешни работи, Слободан Чашуле.

Универзитескиот професор Владо Поповски, кој е и претседател на партиската комисијата за политички систем во ВМРО-ДПМНЕ, за неделникот Фокус оцени дека моделот за решавање на спорот е модифицирано име на земјава со географска одредница без притоа да биде загрозен јазикот нацијата и Уставот.
XS
SM
MD
LG