Достапни линкови

ЕУ интеграцијата зависи од нас


Интеграцијата во ЕУ зависи од нас и нашата подготвеност да ги исполниме обврските, изјави вицепремиерот за евроинтеграции Теута Арифи во првото излагање пред собраниската комисија за европски прашања.

Создавањето на подобра позиција во преговорите со Европската унија зависи од нас и нашата подготвеност да ги реализираме сите потребни обврски за членство во Унијата, рече во своето прво излагање новата претседателка на собраниската комисија за европски прашања Теута Арифи.

Европа учествува во нашиот развој како држава со сиот свој обем, со средства, со дела и ние тоа треба да го оправдаме, рече Арифи. Таа вети
Без оглед на која политичка партија припаѓаме, ние како политичка елита треба да сме свесни за значењето на ова прашање, од кое зависи нашиот евроатлански напредок.

целосна транспарентност на Секретаријатот за европски прашања и соработка со сите министерства каде што треба да се реализираат реформите. Кога говориме за евроинтеграциите, мора да се спомене и најчувствителното прашање, а тоа е прашањето за името, рече Арифи.

„Без оглед на која политичка партија припаѓаме, ние како политичка елита треба да сме свесни за значењето на ова прашање, од кое зависи нашиот евроатлански напредок.“

Таа посочи дека Македонија отсекогаш покажувала јасна волја за решавање на ова прашање, а се надева дека и другата страна ќе го стори тоа.

„Ние како земја сме ја покажале и докажале нашата добра волја за решение, сме ја покажале и докажале нашата добра волја со фактот дека сме подготвени на сите тие средби кои ќе ги организираме на највисоко ниво.“

Најголемата опозициска партија Социјалдемократскиот сојуз и посака добредојде на функцијата и и вети целосна поддршка, особено за законите кои се во согласност со европските. Јани Макрадули од СДСМ посочи дека парламентот ќе биде место каде ќе има консензус за битните
Ова е прв случај каде некој од државата отворено зборува дека се соочуваме со проблем кој што треба да се реши, во однос на спорот со името со нашиот сосед и дека ја имате поддршката за она што се активности да го дознае Парламентот.

прашања и кадешто ќе се демонстрира политичката зрелост на државата.

„Ова е прв случај каде некој од државата отворено зборува дека се соочуваме со проблем кој што треба да се реши, во однос на спорот со името со нашиот сосед и дека ја имате поддршката за она што се активности да го дознае Парламентот.“

Се надевам дека вашата визија за напредокот на Македонија во Европската унија и НАТО, ќе биде и визија на Владата, и рече Макрадули на Арифи.

Со свој коментар се јави и пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз кој стави акцент на реформите што треба да се завршат во областа на судството и јавната администрација. Побара подетални информации за тоа до каде сме со спроведувањето на реформите и приоритетите на владата во насока на натамошниот напредок кон евроинтеграциите.

„Не сум јас од оние скептици кои постојано тврдат дека Република Македонија кога ќе стигне таму, Европската Унија ќе се распадне.“

Арифи посочи дека во неодамнешната средба со директорот на генералниот директорат за проширување на Европската Унија Стефано Санино, таа добила листа на краткорочни цели кои земјава треба да ги исполни на патот кон Европската Унија. Таа листа е кратка, воглавно се однесува на министерствата за правда и транспорт и врски, и опфаќа задачи кои се решливи. Арифи вети поширока и подетална дебата откако земјава ќе го добие извештајот за напредокот од Европската Унија, на 12 октомври годинава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG