Достапни линкови

Како изгледа поделбата на коалицискиот колач


Во Собранието влегоа законите од коалицискиот „договор“ за формирање на новата влада. ДУИ ги доби министерствата за одбрана и правда.

Полека истекува рокот за објавување на составот на новиот владин кабинет. Во некои медиуми беше соопштено дека е постигнат договор меѓу Никола Груевски и Али Ахмети.

Партиски извори од ДУИ велат дека веќе речиси се договорени нивните министерски позиции. На чело на одбраната ќе биде Фатмир Бесими кој на оваа функција доаѓа од ресорот економија. На местото на министерот за правда Михајло Маневски сега ќе седне Блерим Беџети, кој претходно беше градоначалник на Сарај. Вицепремиер за Рамковниот договор е Муса Џафери, а за евроинтеграции Теута Арифи.Со локалната самоупрва ќе раководи Невзат Бејта, а со екологија Абдулаќим Адеми. Допрва треба да се утврди името на новиот министер за економија.

Коалициските закони во Собранието

Во меѓувреме, во Собранието се најдоа неколку закони, кои се дел од колицискиот договор. На дневен ред се законите за симболите и за хашките случаи, кои во собраниска процедура ги доставила парламентарната група на ДУИ. Тие претствуваат три од петте барања на ДУИ кои Груевски ги прифатил. Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека се очекуваше овој исход поради позицијата на ДУИ во однос на ВМРО-ДПМНЕ за коалицирање во старо новата влада.

Фатмир Бесими од економија се сели во одбрана.

Може да се каже дека доби нешто повеќе од претходната коалиција и со оглед на тежината на министерствата и во однос на програмата ако тоа што е објавено влезе во владината програма, оценува Рамадани:

„Но, се уште не задоволува тоа што значи добивање на директорски места и институции, но како и да е треба понатаму функционална да биде оваа коалиција, односно овој договор доколку е конечен.“

На политичкиот пазар при поделбата на директорските места ДУИ не ја доби Царинската Управа, ниту, пак, Управата за безбедност како што претходно бараше. Но, познато е дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, повеќе пати има изјавено дека не го интересира добро министерско место ако успее да издејствува измени во некои закони.

Има ли договор за ОНА?

Се уште не е постигнат договор за припадниците на ОНА. Нема договор и за решавање на спорот за името во рок од првите 100 дена, како што се
Шпекулациите кој добил повеќе, кој добил помалку, се комплетно надвор од интересот на тие што така коментираат за рамнотежа и стабилност на политичките субјекти, особено кои што ја сочинуваат владата и парламентарното мнозинство.

залагаше претходно ДУИ. Не е постигнат договор, исто така, заменик-претседателот на Собранието да зборува на албански, но отсега министрите Албанци на седниците за пратенички прашања ќе може да зборуваат на албански јазик според договорот меѓу лидерите.
Договорено е и решавање на хашките случи според законот за амнестија. Околу употребата на албанското знаме договорено е знамето институционално да се употребува во согласност со законите.

Професор Владо Поповски вели дека е погрешен пристапот кој колку добил кој колку изгубил или добил помалку важни места:

„Се очекува тие да делуваат клучно во однос на владината програма која што ќе се декларира при изборот на владата, ќе ја слушнеме, таа допрва доаѓа. Шпекулациите кој добил повеќе, кој добил помалку, се комплетно надвор од интересот на тие што така коментираат за рамнотежа и стабилност на политичките субјекти, особено кои што ја сочинуваат владата и парламентарното мнозинство.“

Она што ги одбележа овие договања на новиот владин кабинет и платформата е дека траеја еден месец, а немаше официјални изјави во јавноста.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG