До крајот на неделата, истекува законскиот рок во кој мандатарот Никола Груевски на Собранието треба да му го предложи составот на новата влада и владината програма. Според законската процедура, парламентот има уште две недели за да ја изгласа новата влада, односно најдоцна до 10 август. Партиски извори очекуваат најдоцна до утре, мандатарот да го
достави новиот состав на владата. Преговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ финиширале и како што претходно изјавија и од двете партии, се одвивале во коректна и искрена атмосфера.
Иако имињата на владините министри официјално не ги соопштуваат, во јавноста веќе се зборува за Никола Поповски и Теута Арифи како идни министри за надворешни работи и евроинтеграции. Познавачите на оваа област, велат дека новите имиња на овие позиции нема да можат нешто да сменат, оти според досегашното искуство, најзначајните одлуки за државата, ги донесувал премиерот.
„Имено и до сега, во изминативе пет години надворешната политика на Македонија не се креираше во Министерството за надворешни работи, ниту во Кабинетот на претседателот на државата, туку пред се во кабинетот на премиерот. Нема никаква причина тоа да не продолжи да биде и натаму така со оглед дека премиерот е најсилната политичка фигура“, изјави професорот Стево Пендаровски.
Според аналитичарот и поранешен пратеник Исмет Рамадани, идејата Арифи да биде вицепремиер за евроинтеграции е добра, со оглед на нејзиното долгогодишно искуство во политиката, но и како претседател на собраниската комисија за надворешни работи.
„Има интелектуални способности, добро ги познава приликите во ЕУ.“
„За другиот кандидат за чие име се шпекулира дека може да биде кандидат за министер за надворешни работи знаеме само дека е
амбасадор на Македонија во ЕУ и тогаш кога го ставаа не знаевме ништо повеќе од тоа“, вели Рамадани
Проценките на Пендаровски и Рамадани се дека комуникацијата меѓу Арифи и премиерот би била отежната. Еве зошто:
„Теута Арифи ќе се обиде да постапува поинаку од досегашните прилично бледи министри на таа позиција, но политичкиот контекст или нејзиното политичко врамување ќе биде такво што таа според моја проценка, не ќе има доволно поле за игра“, вели Пендаровски.
„Долго време не се согласуваат, барем според нејзините јавни настапи или колумни. Очекувам дека во тој однос таа комуникација ќе биде проблематична“, вели Рамадани.
Експертите укажуваат дека независно од тоа кој ќе раководи со овие ресори, од нивните лични капацитети најмалку ќе зависи идната надворешна политика на државата.
Досегашниот премиер Груевски го добива мандатот откако неговата партија освои најмногу гласови на последните парламентарни избори на 5 јуни. Дел од неговата влада ќе биде Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, бидејќи освои најмногу гласови од етничките Албанци.
И до сега, во изминативе пет години надворешната политика на Македонија не се креираше во МНР, ниту во Кабинетот на претседателот на државата, туку пред се во кабинетот на премиерот. Нема никаква причина тоа да не продолжи да биде и натаму
така.
Иако имињата на владините министри официјално не ги соопштуваат, во јавноста веќе се зборува за Никола Поповски и Теута Арифи како идни министри за надворешни работи и евроинтеграции. Познавачите на оваа област, велат дека новите имиња на овие позиции нема да можат нешто да сменат, оти според досегашното искуство, најзначајните одлуки за државата, ги донесувал премиерот.
„Имено и до сега, во изминативе пет години надворешната политика на Македонија не се креираше во Министерството за надворешни работи, ниту во Кабинетот на претседателот на државата, туку пред се во кабинетот на премиерот. Нема никаква причина тоа да не продолжи да биде и натаму така со оглед дека премиерот е најсилната политичка фигура“, изјави професорот Стево Пендаровски.
Според аналитичарот и поранешен пратеник Исмет Рамадани, идејата Арифи да биде вицепремиер за евроинтеграции е добра, со оглед на нејзиното долгогодишно искуство во политиката, но и како претседател на собраниската комисија за надворешни работи.
„Има интелектуални способности, добро ги познава приликите во ЕУ.“
Долго време не се согласуваат, барем според нејзините јавни настапи или
колумни.
„За другиот кандидат за чие име се шпекулира дека може да биде кандидат за министер за надворешни работи знаеме само дека е
амбасадор на Македонија во ЕУ и тогаш кога го ставаа не знаевме ништо повеќе од тоа“, вели Рамадани
Проценките на Пендаровски и Рамадани се дека комуникацијата меѓу Арифи и премиерот би била отежната. Еве зошто:
„Теута Арифи ќе се обиде да постапува поинаку од досегашните прилично бледи министри на таа позиција, но политичкиот контекст или нејзиното политичко врамување ќе биде такво што таа според моја проценка, не ќе има доволно поле за игра“, вели Пендаровски.
„Долго време не се согласуваат, барем според нејзините јавни настапи или колумни. Очекувам дека во тој однос таа комуникација ќе биде проблематична“, вели Рамадани.
...знаеме само дека е амбасадор на Македонија во ЕУ и тогаш кога го ставаа не знаевме ништо повеќе од тоа.