Пратениците од опозицијата очекуваат новоформираниот Парламент да биде поодговорен, но и натаму сметаат дека ќе биде инструмент на власта. Претставниците на владината коалиција, пак, очекуваат засилување на дијалогот и поголема продуктивност. Главните играчи од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не успеавме да ги добиеме за коментар.
Пратеникот Тито Петковски од НСДП вели дека распоредот на силите во законодавниот дом ќе ја направи институцијата поодговорна, бидејќи станува збор за парламентарно мнозинство кое не е така комотно, како во претходниот состав.
„Многу закони ќе треба да се донесат со двотретинско мнозинство, а и другите закони кои веројатно ќе треба да се донесат на работ на кворумот, дека ќе мора да има повисок степен на кооперативност помеѓу партиите кои што се во парламентарното мнозинство и оние кои што се во опозиција.“
Талат Џафери од ДУИ вели дека Собранието ќе биде поефективно, бидејќи никој веќе не ја бојкотира неговата работа, а меѓу пратениците има нови имиња, кои ќе дадат поголем ангажман.
„Не се исклучува да политичките манипулации, условно кажано, во смисла на демократско влијание и работење на опозицијата во одредени моменти.“
Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз вели дека очекува поголема вклученост на опозицијата и аргументирана расправа за важните прашања за Македонија.
„Опозицијата да биде многу поконструктивна, да дава свои инцијативи, да се вклучува поактивно во расправата по сите законски проекти.“
Петковски не очекува да се промени улогата на Парламентот во однос на владата, бидејќи концентрацијата на моќта е во владиниот состав.
„Груевски наметна еден стил на работа што тешко може да се менува, значи владата си ја знае работата, вие сте таму за да гласате, само што сепак мислам дека ќе ја консултираат опозицијата за многу значајните закони.“
Според Трајанов, Парламентот треба да гради сопствена политика и помалку да биде гласачка машинерија.
„Да има слободна расправа, секој пратеник да може самостојно да ги каже своите ставови и забелешки и така да се доаѓа до законски решенија.“
Целта на собранието е да ги разгледува предлозите на владата, а според системотм мнозинството го има правото да го води политичкиот живот во земјава, вели Талат Џафери.
„Не би требало да има многу измени во контекст на поддршката на проекти што доаѓаат од владата.“
Од владејачката коалиција не сакаа да кажат до каде се преговорите за формирањето на новата влада, на која довреба ќе треба да и изгласаат пратениците.
Многу закони ќе треба да се донесат со двотретинско мнозинство, а и другите закони кои веројатно ќе треба да се донесат на работ на кворумот, дека ќе мора да има повисок степен на кооперативност помеѓу партиите
Пратеникот Тито Петковски од НСДП вели дека распоредот на силите во законодавниот дом ќе ја направи институцијата поодговорна, бидејќи станува збор за парламентарно мнозинство кое не е така комотно, како во претходниот состав.
„Многу закони ќе треба да се донесат со двотретинско мнозинство, а и другите закони кои веројатно ќе треба да се донесат на работ на кворумот, дека ќе мора да има повисок степен на кооперативност помеѓу партиите кои што се во парламентарното мнозинство и оние кои што се во опозиција.“
Талат Џафери од ДУИ вели дека Собранието ќе биде поефективно, бидејќи никој веќе не ја бојкотира неговата работа, а меѓу пратениците има нови имиња, кои ќе дадат поголем ангажман.
„Не се исклучува да политичките манипулации, условно кажано, во смисла на демократско влијание и работење на опозицијата во одредени моменти.“
Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз вели дека очекува поголема вклученост на опозицијата и аргументирана расправа за важните прашања за Македонија.
„Опозицијата да биде многу поконструктивна, да дава свои инцијативи, да се вклучува поактивно во расправата по сите законски проекти.“
Петковски не очекува да се промени улогата на Парламентот во однос на владата, бидејќи концентрацијата на моќта е во владиниот состав.
Опозицијата да биде многу поконструктивна, да дава свои инцијативи, да се вклучува поактивно во расправата по сите законски проекти.