Министерствата се поделени, сега партиите ги делат директорите. ДУИ инсистира да ја добие УЈП или Царината и уште некоја „богата“ институција. Интегративците добиваат две вицепремиерски места, 5 министри, 4 заменици-министри и 5 државни секретари. Во двете партии велат дека се уште се допрецизираат кадровските решенија и јавно не споменуваат имиња. Неофицијално во игра се вртат двојно повеќе имиња од што има министерски места.
Секретаријатот за евроинтеграции преминува во рацете на кадар од ДУИ. Во игра за вицепремиер е Ермира Мехмети-Деваја. Победничката партија од албанскиот политички блок ги задржува Локална самоуправа, Животна средина и Економија. ДУИ ги трампаше Здравство и Труд и социјала за министерствата за Одбрана и Правда.
Во комбинаториките за нова влада не се споменуваат имињата на досегашните министри Бујар Османи и Џељал Бајрами. За министер за правда во игра е пратеникот Аднан Јашари. Министерството за одбрана е спорно, зашто во игра се двајца поранешни команданти на ОНА – Хазби Лика и Рафис Алити.
Неизвесно е и понатамошното министерување на Иво Ивановски, Миле Јанакиески и Зоран Коњановски, а во комбинаториките за нов министер се споменува и директорот на УЈП, Горан Трајковски. За фотелјата во здравство, од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат менаџер, а не лекар.
Досегашниот министер за правда, Михајло Маневски, заминува во пензија, а вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, веројатно ќе застане на професорското место на Правниот факултет, што го доби додека беше во владата. Можно е, досегашниот заменик-министер за труд и социјала Спиро Ристовски да оди едно скалило погоре и да седне во првата фотеља на министерството.
Од ДУИ најавуваат дека наредната влада, за прв пат ќе работи по заедничка програма што ја усогласуваат двата коалициони партнери. Професор Алајдин Демири вели дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеаја да ја реализираат претходната програма, а сега и ја наполнуваат. Во ваков
случај, кадровските решенија се најмалку битни, вели тој.
„Ниту едната ниту другата партија не нудат некое кадровско решение, туку нудат сервилност на партијата. Квалитетот е безначаен туку само кој ќе ја тера идејата на партијата.“
Од друга страна, политикологот Владимир Божиновски вели дека е позитивно што ќе има заедничка платформа. Досега, премиерот де факто не можеше да разреши министер од албанскиот коалициски партнер, без согласност на лидерот на партијата. Со заедничка платформа и одговорноста станува заедничка, вели Божиновски.
„Така што и министрите кои што се дел од ДУИ и кои што и досега во овие изминати влади функционираа помалку или повеќе независно, обидувајќи се да спроведат дел од програмата зацртана од малцинската партија во владата, сега нормално дека ќе треба да бидат усогласени и комбинирани со останатите.“
Секретаријатот за евроинтеграции преминува во рацете на кадар од ДУИ. Во игра за вицепремиер е Ермира Мехмети-Деваја. Победничката партија од албанскиот политички блок ги задржува Локална самоуправа, Животна средина и Економија. ДУИ ги трампаше Здравство и Труд и социјала за министерствата за Одбрана и Правда.
Ниту едната ниту другата партија не нудат некое кадровско решение, туку нудат сервилност на партијата. Квалитетот е безначаен туку само кој ќе ја тера идејата на партијата.
Во комбинаториките за нова влада не се споменуваат имињата на досегашните министри Бујар Османи и Џељал Бајрами. За министер за правда во игра е пратеникот Аднан Јашари. Министерството за одбрана е спорно, зашто во игра се двајца поранешни команданти на ОНА – Хазби Лика и Рафис Алити.
Неизвесно е и понатамошното министерување на Иво Ивановски, Миле Јанакиески и Зоран Коњановски, а во комбинаториките за нов министер се споменува и директорот на УЈП, Горан Трајковски. За фотелјата во здравство, од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат менаџер, а не лекар.
Досегашниот министер за правда, Михајло Маневски, заминува во пензија, а вицепремиерот задолжен за европски прашања, Васко Наумовски, веројатно ќе застане на професорското место на Правниот факултет, што го доби додека беше во владата. Можно е, досегашниот заменик-министер за труд и социјала Спиро Ристовски да оди едно скалило погоре и да седне во првата фотеља на министерството.
Од ДУИ најавуваат дека наредната влада, за прв пат ќе работи по заедничка програма што ја усогласуваат двата коалициони партнери. Професор Алајдин Демири вели дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеаја да ја реализираат претходната програма, а сега и ја наполнуваат. Во ваков
И министрите кои што се дел од ДУИ и кои што и досега во овие изминати влади функционираа помалку или повеќе независно, обидувајќи се да спроведат дел од програмата зацртана од малцинската партија во владата, сега нормално дека ќе треба да бидат усогласени и комбинирани со останатите.