Достапни линкови

Разговорите за влада финишираат


Преговорите за платформата на идната влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, денеска би требало да финишираат. Што ќе биде прифатено од барањата на ДУИ?

Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ би требало денеска да бидат заокружени со постигнување на договор за платформата на идната влада, за спикерското место во Парламентот, како и за Хашките случаи и статусот
Тоа е најбитно, дали ќе има унапредување во смисла на свеста затоа што гледаме веќе дека јавното мислење или е подготвено веќе или се подготвува за можни преземања на идни албански министри со министерства кои што порано не ги менаџирале.
на ветераните од поранешна ОНА. Едно од барањата на ДУИ е и поширока употреба на албанскиот јазик во институциите.

Еден од креаторите на Рамковниот договор, Владо Поповски, вели дека правото на Албанците да комуницираат во државните органи на мајчин јазик е загарантирано според договорот. Таквото прашање не е непознато, туку е општа тенденција во Уставните права на сите европски демократии, вели тој.

„Во духот на Охридскиот договор би требало да можат и другите заедници да се обратат на нивниот јазик и да добијат решение на нивниот јазик, што значи дека во крајна линија треба да има преведувачки центри во органите на државната управа и власт за да можат да ги опслужат своите граѓани на нивниот јазик.“

Што ќе биде прифатено од барањата на ДУИ?

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека барањата на ДУИ и нивното остварување ќе влијаат врз завршувањето на Рамковниот договор. Поголемата употреба на албанскиот јазик беше дел и од програмските заложби на партијата за време на предизборната кампања. Најбитно е што јавноста е подготвена на промените кои се најавуваат, вели тој.

„Тоа е најбитно, дали ќе има унапредување во смисла на свеста затоа што гледаме веќе дека јавното мислење или е подготвено веќе или се подготвува за можни преземања на идни албански министри со
Во духот на Охридскиот договор би требало да можат и другите заедници да се обратат на нивниот јазик и да добијат решение на нивниот јазик.
министерства кои што порано не ги менаџирале и гледаме дека јавноста веќе не реагира така остро.“

Според информациите што може да се слушнат во јавноста доколку ДУИ не го добие претседателското место во Собранието, тогаш ќе го бара раководењето на две важни министерски позиции, како правда, финансии, надворешни или внатрешни работи.

Конститутивна седница на која ќе се верификуваат мандатите на новите членови на законодавниот дом ќе се одржи утре напладне.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG