Достапни линкови

Охридскиот договор не е вечен


Од потпишувањето на Охридскиот договор пред десет години
Од потпишувањето на Охридскиот договор пред десет години

Тоа што Македонија е надвор од ЕУ и НАТО може да се одрази на Охридскиот рамковен договор кој не е вечен, предупредуваат експертите.

Тоа што Македонија е надвор од Европската uнија и НАТО ќе се одрази на ефектите на Охридскиот рамковен договор, предупредуваат домашните аналитичари. Договорите не се вечни, но за безбедноста на земјата и нејзиниот внатрешен мир се клучни евроатланските интеграции, вели професорката Мирјана Малеска од Универзитетот на Југоисточна Европа.
Нашето членство во ЕУ и НАТО ќе ја зголеми безбедноста на земјата, во исто време ќе придонесе никој да не оди екстремно во своите барања туку постепено и со прилагодување едни кон други.

„Нашето членство во ЕУ и НАТО ќе ја зголеми безбедноста на земјата, во исто време ќе придонесе никој да не оди екстремно во своите барања туку постепено и со прилагодување едни кон други, мнозинството на барањата на малцинството и обратно.“

Она на што укажува Малеска е можноста од проширување на Охридскиот рамковен договор, пред се, поради новата позиција на ДУИ во идната влада.

„Веќе во текот на самата предизборна кампања лидерот на ДУИ најави дека нема да се задоволи со ситни политички добивки.“

Спрецијалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју го потпишуваат рамковниот договор во Скопје на 13 август 2011 година

Охридкиот рамковен договор е битен политички предуслов заедно со другите критериуми потребни за членство во Унијата и НАТО, вели аналитичарот Џевдет Насуфи кој учествуваше во преговорите за Рамковниот договор.

„На една долга стаза, во еден долгорочен развој, перспектива на една развојна земја членка на ЕУ и НАТО, овие процеси и на меѓуетнички план коишто се врзани нормално, функционално и со Охридскиот договор не одат во прилог на таквите тензии и желби.“
Политичката класа од двете етнички заедници прилично неодговорно се однесуваат кон овој политичко правен документ и можеби им одговора на одредени политички структури од двата блока да состојбите одат вака како што одат.

Насуфи изразува разочараност од односот на политичките структури во земјава кон овој документ. Тој вели дека недоследната примена на договорот може да го влоши меѓуетничкиот соживот.

„Политичката класа од двете етнички заедници прилично неодговорно се однесуваат кон овој политичко правен документ и можеби им одговора на одредени политички структури од двата блока да состојбите одат вака како што одат.“

Дека Рамковниот договор е клучен за иднината на Македонија и нејзините евроатлантски интеграции укажа и американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер. Тој изјави дека политичкото лидерство мора да продолжи да го имплементира договорот. А, дека тоа е потешкиот дел од договорот укажа и Џејмс Пердју, кој како претставник на Соединетите Држави учествуваше во преговорите во 2001 година.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG