„Охридскиот рамковен договор - кон членството на Македонија во Европската Унија и во НАТО“, е мотото на дводневната меѓународна конференција која се одржува во земјава. Целта на истата е да се дискутира за прогресот што Македонија го има постигнато од
потпишувањето на Рамковниот договор, како и за предизвиците со кои земјата се соочува на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО. За учесниците на конференцијата, Охридскиот рамковен договор е успех на заедничката дипломатија на САД и на ЕУ, која донела мир во Македонија и спречила крвава граѓанска војна.
„Имплементацијата на Охридскиот рамковен договор е процес кој е витален за иднината на земјата. Тој е клуч за евроатлантската интеграција на Македонија, која е примарната политичка цел на сите политички партии и речиси на целата популација без разлика на партиска, религиозна или етничка припадност“, рече американскиот амбасадор Филип Рикер.
По повод јубилејот од потпишувањето на договорот, претседателот на државата Ѓорге Иванов изјави дека овој документ е еден од темелите на нашата безбедност, стабилност и економски просперитет, бидејќи како што додаде, создава поволни услови за градење на внатрешен мир.
„Но, како и секоја развиена демократија ние зборуваме за процес, а не за завршен проект. Токму затоа ние секојдневно го надградуваме и усовршуваме овој наш заеднички модел кој подразбира уживање на правата, но и почитување и споделување на одговорностите кои произвлегуваат од Уставот“, изјави претседателот Иванов.
Но, дали Охридскиот договор ја оствари својата цел? Политичките аналитичари велат дека истиот создаде нова клима во општеството и во одреден период ги намали меѓуетничките тензии во земјата. Сепак, дел од нив сметаат дека договорот и она што го содржи доследно не се почитува.
„Не се исполнија очекувањата во однос на тоа да се имплементира во рамките на роковите утврдени во него, ниту пак има резултати во однос на имплементација на веќе усвоените измени во делот на законската инфраструктура и Уставот“, изјави политичкиот аналитичар Насер Зибери.
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на Европската Унија и Соединетите Држави. Тој стави крај на конфликтот во 2001 година.
Но, како и секоја развиена демократија ние зборуваме за процес, а не за завршен проект. Токму затоа ние секојдневно го надградуваме и усовршуваме овој наш заеднички модел.
потпишувањето на Рамковниот договор, како и за предизвиците со кои земјата се соочува на нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО. За учесниците на конференцијата, Охридскиот рамковен договор е успех на заедничката дипломатија на САД и на ЕУ, која донела мир во Македонија и спречила крвава граѓанска војна.
„Имплементацијата на Охридскиот рамковен договор е процес кој е витален за иднината на земјата. Тој е клуч за евроатлантската интеграција на Македонија, која е примарната политичка цел на сите политички партии и речиси на целата популација без разлика на партиска, религиозна или етничка припадност“, рече американскиот амбасадор Филип Рикер.
Имплементацијата на Охридскиот рамковен договор е процес кој е витален за иднината на земјата, изјави американскиот амбасадор Филип Рикер
По повод јубилејот од потпишувањето на договорот, претседателот на државата Ѓорге Иванов изјави дека овој документ е еден од темелите на нашата безбедност, стабилност и економски просперитет, бидејќи како што додаде, создава поволни услови за градење на внатрешен мир.
„Но, како и секоја развиена демократија ние зборуваме за процес, а не за завршен проект. Токму затоа ние секојдневно го надградуваме и усовршуваме овој наш заеднички модел кој подразбира уживање на правата, но и почитување и споделување на одговорностите кои произвлегуваат од Уставот“, изјави претседателот Иванов.
Не се исполнија очекувањата во однос на тоа да се имплементира во рамките на роковите утврдени во него, ниту пак има резултати во однос на имплементација на веќе усвоените измени во делот на законската инфраструктура и Уставот.