Скопје да го прифати предлогот на медијаторот на Обединетите нации „Република Северна Македонија“ или слична формула со географска одредница, а Атина да го осознае националниот идентитет и
македонскиот јазик. Дали ваквите препораки на Меѓународната кризна група ќе придонесат кон забрзано изнаоѓање на компромисно решение меѓу Македонија и Грција околу спорот со името, или ќе предизвика
поголем антагонизам? Во ваквите извештаи се наведуваат препораки кои се донесени врз основа на информации кои ги имаат организациите, забележува политикологот Абдула Азизи:
„Тоа се мислења кои произлегуваат од досегашните разговори и тие само ги етаблираат до публиката, односно до јавноста.“
Сите сакаме во Европската унија и НАТО да влеземе под уставното име, но спорот со Грција стана покомплексен со трагањето по корените на античките Македонци, вели професор Денко Малески:
„Со оваа античка димензија која ја воведовме во домашната политика и барање на некои директни корени од Александар Велики итн, се доведовме во спор со грчкото поимање на историјата и тоа е главно што го прави тој јазол многу цврст.“
Препораките си се препораки, вели Малески и додава:
„Ако ние не процениме, ако Македонија не процени дека е важно да се направи исчекор во насока на интегрирање во НАТО и ЕУ и дека тоа претпоставува правење на компромис, ако ние сметаме дека сепак поважно е да се сочува внатрешниот мир и да се продолжи во насока на градење на идентитет околу античките Македонци, тогаш тоа е одлука на политиката и на народот ако тоа го подржува.“
Во единаесетата препорака на Меѓународната кризна група е наведено дека Скопје треба да ја повлече одлуката за именување на аеродромот во „Александар Велики“ и да се воздржи од слични чекори кои сигурно би ја провоцирале Атина, посебно во контекст на проектот „Скопје 2014“. Таквите работи не придонесуваат кон решавање на дводеценискиот спор, вели политикологот Азизи:
„Имате споменици, имате стотина работи кои не би требало да се случуваат, а се случуваат, а од друга страна и Грција возвраќа со своето однесување кон македонските граѓани и тоа е еден процес кој може да трае многу, многу долго.“
Во десеттата препорака на Меѓународната кризна група дополнително се наведува дека откако ќе се постигне компромисното решение, НАТО треба да ја прими Македонија, а ЕУ треба да ги отпочне преговорите за членство.
Со оваа античка димензија која ја воведовме во домашната политика и барање на некои директни корени од Александар Велики итн, се доведовме во спор со грчкото поимање на историјата и тоа е главно што го прави тој јазол многу цврст.
поголем антагонизам? Во ваквите извештаи се наведуваат препораки кои се донесени врз основа на информации кои ги имаат организациите, забележува политикологот Абдула Азизи:
„Тоа се мислења кои произлегуваат од досегашните разговори и тие само ги етаблираат до публиката, односно до јавноста.“
Сите сакаме во Европската унија и НАТО да влеземе под уставното име, но спорот со Грција стана покомплексен со трагањето по корените на античките Македонци, вели професор Денко Малески:
„Со оваа античка димензија која ја воведовме во домашната политика и барање на некои директни корени од Александар Велики итн, се доведовме во спор со грчкото поимање на историјата и тоа е главно што го прави тој јазол многу цврст.“
Препораките си се препораки, вели Малески и додава:
„Ако ние не процениме, ако Македонија не процени дека е важно да се направи исчекор во насока на интегрирање во НАТО и ЕУ и дека тоа претпоставува правење на компромис, ако ние сметаме дека сепак поважно е да се сочува внатрешниот мир и да се продолжи во насока на градење на идентитет околу античките Македонци, тогаш тоа е одлука на политиката и на народот ако тоа го подржува.“
Ако ние сметаме дека сепак поважно е да се сочува внатрешниот мир и да се продолжи во насока на градење на идентитет околу античките Македонци, тогаш тоа е одлука на политиката и на народот ако тоа го подржува.