Достапни линкови

Преговорите во ќорсокак?


Премиерите на Македонија и Грција Груевски и Папандреу
Премиерите на Македонија и Грција Груевски и Папандреу

Медиумите ги пренесуваат новите зголемени барања на Грција во преговорите за името. Аналитичарите ги оценуваат како зголемување на влогот пред неминовниот компромис или алиби за недобивање датум за преговори

Алиби за недобивањето датум за преговори или подигнување на влогот пред неминовниот компромис? Во овој опсег се движат оценките на информациите од владини претставници за зголемување на грчките барања во преговорите за името. Премиерот Никола
Моја претпоставка е дека Папандреу се соочува со неминовност да прифати компромис. Дека тој компромис не е во дослух со она што Грците мислеа дека ќе го добијат и за да го остварат тоа нивно барање поставуваат максималитички цели.
Груевски завчера рече дека во интерес на преговарачкиот процес ќе се воздржи од коментар на, како што рече, максималистичките позиции на Грција.

Потпретседателот на СДСМ Зоран Заев смета дека со пуштањето на информациите за грчка непопустливост, владата бара изговор за нерешавањето на спорот. Тој повикува на проактивна улога и смета дека најголем проблем е тоа што владата не го соопштува ставот по ова прашање.

„Сите потајно се надеваме како Македонци, дека на крајот можеби ќе имаме решение за меѓународна употреба. Премиерот ниту тоа го нема изговорено. Од каде да знаеме ако премиерот конечно излезе од двојната формула и направи чекор плус, а тоа е чекор за име за меѓународна употреба како замена за ФИРОМ, можеби би било близина за решавање на проблемот.“

Пратеникот Рафиз Алити од владејачката ДУИ пред извесно време ја раздвижи македонската јавност со изјавата дека Албанците ќе одат во ЕУ, па макар и без Македонците. Сега, тој вели дека треба да се работи на добивањето датум за преговори. Ако не добиеме датум на 7 декември, потоа ќе изградиме партиски став за натамошните чекори, вели Алити.
Мојата претпоставка се движи кон тоа дека ќе сакаат по секоја цена името по секоја цена да биде Република Северна Македонија и ќе сакаат по секоја цена ние да се сложиме тоа да биде за општа употреба, за да тие од своја страна во оваа фаза пет минути до 12 се откажат од другите, навистина фашизоидни барања


„Треба да работиме да добиеме датум, после 7-ми, ќе видиме. После тоа веројатно ќе заземеме став што понатаму.“

Повикувајќи се на брифинзите од владини извори, македонските медиуми објавија дека Грција бара едно име за вкупна употреба со географска одредница што ќе стои пред зборот Македонија. Според тие информации и именувањето на јазикот и на нацијата би биле според новото име. Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека македонската дипломатија треба интензивно да работи за да ги открие мотивите за ваквата грчка постапка.

„Моја претпоставка е дека Папандреу се соочува со неминовност да прифати компромис. Дека тој компромис не е во дослух со она што Грците мислеа дека ќе го добијат и за да го остварат тоа нивно барање поставуваат максималитички цели.“

Тој вели дека и на Грција и е јасно дека ваков предлог не може да помине, па затоа се согласуваат и со референдум. Со отстапувањето од овие максималистички позиции Грција сака да се претстави како страна која е подготвена да попушти за компромис, вели Чашуле.

„Мојата претпоставка се движи кон тоа дека ќе сакаат по секоја цена името по секоја цена да биде Република Северна Македонија и ќе сакаат по секоја цена ние да се сложиме тоа да биде за општа употреба, за да тие од своја страна во оваа фаза пет минути до 12 се откажат од другите, навистина фашизоидни барања.“

Чашуле препорачува да се работи на тоа спорот за името да се решава билатерално, слично како граничниот спор меѓу Хрватска и Словенија и да се лобира кај големите европски земји да се ценат постигнувањата на Македонија, наместо да се дозволи земјава да биде заложник на Грција.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG