Со цел да се добијат добри сугестии и препораки за поголема ефикасност во областа на евроинтеграциите, новата вицепремиерка за европски прашања Теута Арифи оствари средба со некои од нејзините поранешни колеги. Изразувајќи задоволство од искуствата и разговорите со нив, Арифи рече дека ќе ја продолжи заедничката соработка со нив.
„Историјата не почнува со личноста која во моментот може да се најде на една политичка функција, ниту пак завршува тука.“
Задоволство од ваков вид соработка покажа и професорката Златка Поповска, поранешен вицепремиер задолжен за европските прашања. Се работи за долг и макотрпен процес, во кој сите треба да се обединиме, порача Петковска
„Многу труд треба и конечно оваа функција што ја има потпретседателката со целиот нејзин кредибилитет бара да ги интегрира сите сили не само во владата туку во сите институции и кај сите активни актери во ова општество.“
Запрашана за коментар на изјавата на портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Грегори Делавекурас, дека одговорноста во нерешениот спор за името лежи во владата на Груевски, Арифи рече:
„Ние сме покажале и треба да продолжиме да покажуваме добра волја, исто така да очекуваме добра волја и од другата страна и партнерство од страна на нашите меѓународни пријатели кои сметам дека треба да дадат олеснувачка нота на овој проблем.“
Вицепремиерката се воздржа од коментар на изјавите на нејзиниот сопартиец, Абдулаќим Адеми кој деновиве изјави дека до април 2012 Македонија ќе го реши прашањето за името. Во октомври, Арифи очекува реален извештај за напредокот на земјава од страна на Европската унија.
„Очекувам да биде реален извештај, да ги прикаже нашите состојби и мислам дека ќе биде еден добар и коректен извештај.“
Во меѓувреме, владата има рок до петти септември да одговори на новата листа услови кои од нас ги побара Европската унија преку директорот на директоратот за проширување Стефано Санино. Иако не се откриваат деталите од тој список, Арифи најави дека задачите се решливи и воглавно се однесуваат на потребните реформи во јавната администрација.
Ние сме покажале и треба да продолжиме да покажуваме добра волја, исто така да очекуваме добра волја и од другата страна и партнерство од страна на нашите меѓународни пријатели кои сметам дека треба да дадат олеснувачка нота на овој проблем.
„Историјата не почнува со личноста која во моментот може да се најде на една политичка функција, ниту пак завршува тука.“
Задоволство од ваков вид соработка покажа и професорката Златка Поповска, поранешен вицепремиер задолжен за европските прашања. Се работи за долг и макотрпен процес, во кој сите треба да се обединиме, порача Петковска
„Многу труд треба и конечно оваа функција што ја има потпретседателката со целиот нејзин кредибилитет бара да ги интегрира сите сили не само во владата туку во сите институции и кај сите активни актери во ова општество.“
Запрашана за коментар на изјавата на портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи, Грегори Делавекурас, дека одговорноста во нерешениот спор за името лежи во владата на Груевски, Арифи рече:
„Ние сме покажале и треба да продолжиме да покажуваме добра волја, исто така да очекуваме добра волја и од другата страна и партнерство од страна на нашите меѓународни пријатели кои сметам дека треба да дадат олеснувачка нота на овој проблем.“
Очекувам да биде реален извештај, да ги прикаже нашите состојби и мислам дека ќе биде еден добар и коректен извештај.