Достапни линкови

Намален кредитен рејтинг


„Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија од „ББ+“ на „ББ“
„Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија од „ББ+“ на „ББ“

Намалениот кредитен рејтинг на Македонија ќе има негативни ефекти и врз државата и врз приватниот бизнис сектор.

Влошениот кредитен рејтинг на Македонија ќе има негативни ефекти како за државата, така и за приватниот сектор, сметаат упатените. Од „Стандард и Пурс“ го намалија кредитниот рејтинг на земјава од „ББ+“ на „ББ“ поради, меѓу другото и нефлексибилната структура на трошоци на Владата и ризикот од меѓуетнички тензии.
Намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата, не е добро за домашното стопанство, за реалниот сектор, зошто тоа директно влијае на пристапноста до странски средства како за владата, така и за приватниот сектор.

Намалувањето на кредитниот рејтинг на земјава не е поволно ни за стопанството, смета Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори:

„Намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата, не е добро за домашното стопанство, за реалниот сектор, зaшто тоа директно влијае на пристапноста до странски средства како за владата, така и за приватниот сектор.“

Намалениот кредитен рејтинг на земјава во основа значи дека државата потешко ќе се задолжува во странство, што остава простор за зголемување на домашното задолжување. Чекреџи, пак, вели дека власта начелно се согласува да го намали домашното задолжување:

„Па сега ние како Сојуз на стопански комори долго време бараме од владата да го сведе на минимум домашното задолжување за да има повеќе средства за реалниот сектор и начелна согласност од владата имаме, цело време неколку години, па веројатно ќе мора да се оди на помали буџети, на помалку трошење од буџетот.“

Чистење на списоците на невработени, одлука за наплата на сини картони за лица со повисоки приходи како и враќање на акцизи создава загриженост за намалени приливи во Буџетот, што во комбинација со
Долго време бараме од владата да го сведе на минимум домашното задолжување за да има повеќе средства за реалниот сектор и начелна согласност од владата имаме, цело време неколку години.
намалениот кредитен рејтинг може или да ги намали расходите од народната каса или да ги зголеми даноците, се согласуваат економистите. Претходно, дупките во народната каса се полнеа со задолжување, кое се правеше за некапитални расходи, забележува економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Во претходниот период инвестираше во многу некапитални инвестции, имаше поголеми расходи, една од тие „дупки“ се пополни со кредити, дали од ММФ или од други извори, сега државата се обидува да воведе една посилна даночна дисциплина, нормално и прочистување на овие списоци и законски мерки.“

Инаку во дел од образложението на „Стандард и Пурс“ се наведува дека Владите кои независно управуваат со своите валути имаат поголеми капацитети за враќање на долговите во домашна валути, отколку на оние во странска, додека во Македонија тоа не е случај.
XS
SM
MD
LG