Не само што целосно ќе урнат комплексот Космос, туку општина Гази Баба ќе ја стартува и хипотеката на ивеститорот Фијат Цаноски, поради, како што вели градоначалникот, неплатени рати за комуналии. Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски вели дека комплексот ќе биде целосно урнат затоа што инвеститорот почнал да гради објект повисок за речиси метар и половина повеќе од предвидениот проект, изградил два столба повеќе и градбата не била навреме
пријавена. Трајковски вели дека Цаноски не платил три од осумте рати за комуналии, а рокот за плаќање истекол минатиот месец. Станува збор за пет милиони евра од кои три треба да завршат во градската каса, а два во општинската.
„Со инвеститорот имавме склучено договор за плаќање на рати и тука можам да кажам дека некоректен излезе инвеститорот затоа што до 20 јули требаше да има подмирено осум рати, а тој досега има подмирено само три рати, така што согласно договорот ние ќе пристапиме односно веќе пристапуваме кон афирмирање на хипотеката.“
Инспекторката од градежната инспекција е на терен и уривањето е почнато, под силно полициско обезбедување. Цановски вели дека полицијате не му дозволила да пријде до својот објект за кој вели дека го гради по сите законски прописи, токму затоа што е опозициски пратеник. Тој се жале дека објектот му го уриваат на првиот ден од рамазанските пости.
„Зошто го прават ова и кој го прави, не знам. Веројатно има голема конкуренција во градбите, па некои закони се носат сега за повластувања, за купувања со државата која не знам што ќе финансирала... па можат и
еден ваков комплекс каде што навистина по 900 евра за квадрат ќе може да купуваат нашите граѓани и кој ќе биде прва класа градба, бидејќи јас и градам и инвеститор сум, значи исклучиво домашен инвеститор сум, па можеби некому му пречи оваа голема конкуренција и сакаат по секоја цена да го спречат. Нека слушнат и странските инвеститори - немојте да вложувате во Македонија овдека нема ништо сигурно.“
Цаноски најави дека ќе поднесе кривични пријави против инспекторката поради прекршување на постапката.
Пресметка со политичките неистомисленици?
Андреј Петров кој заедно со уште неколкумина пратеници од опозицискиот СДСМ го придружуваа Цаноски вели дека со оваа постапка власта се пресметува со неистомислениците.
„Во услови на голема финансиска и економска криза, инвестиција како оваа веќе се гради и кога е со одобрение, логично би било секој што му мисли добро на својот народ и на својот град ако има некаква недоследност тоа да се острани.“
Од друга страна, пак,градоначникот Трајковски вели дека немало политика во постапката и додаде дека Цаноски манипулира.
„Потребно е тоа да го доставиш до општината и треба за тоа да се добие соодветно решение, односно одобрение. Тој тоа го нема направено, така што сите оние зборови дека нешто ќе се пренаменува, дека ќе се крати или не знам која друга измена дека ќе ја направи, тоа е само усно и тоа треба да се направи со доставување до документација до општината.“
Изградбата на „Космос“ почна во април годинава. Беше најавен како мини-град, составен од една голема зграда од 17 ката и една помала зграда. Двете заедно ќе имаат 560 стана, во кои ќе живеат околу 4.000 жители. Поголемата зграда е предвидено да има околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Во големата се предвидени деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500 до 2.000 квадратни метри. Во средишниот дел на овој последен кат треба да бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите, како и детска градинка. Изградбата на комплексот чини околу 30 милиони евра.
Со инвеститорот имавме склучено договор за плаќање на рати и тука можам да кажам дека некоректен излезе инвеститорот затоа што до 20 јули требаше да има подмирено осум рати, а тој досега има подмирено само три рати.
пријавена. Трајковски вели дека Цаноски не платил три од осумте рати за комуналии, а рокот за плаќање истекол минатиот месец. Станува збор за пет милиони евра од кои три треба да завршат во градската каса, а два во општинската.
„Со инвеститорот имавме склучено договор за плаќање на рати и тука можам да кажам дека некоректен излезе инвеститорот затоа што до 20 јули требаше да има подмирено осум рати, а тој досега има подмирено само три рати, така што согласно договорот ние ќе пристапиме односно веќе пристапуваме кон афирмирање на хипотеката.“
Инспекторката од градежната инспекција е на терен и уривањето е почнато, под силно полициско обезбедување. Цановски вели дека полицијате не му дозволила да пријде до својот објект за кој вели дека го гради по сите законски прописи, токму затоа што е опозициски пратеник. Тој се жале дека објектот му го уриваат на првиот ден од рамазанските пости.
„Зошто го прават ова и кој го прави, не знам. Веројатно има голема конкуренција во градбите, па некои закони се носат сега за повластувања, за купувања со државата која не знам што ќе финансирала... па можат и
Можеби некому му пречи оваа голема конкуренција и сакаат по секоја цена да го спречат. Нека слушнат и странските инвеститори - немојте да вложувате во Македонија овдека нема ништо сигурно.