Достапни линкови

Се урива комплексот Космос на пратеникот Фијат Цаноски


Станбениот комплекс Космос(проект)
Станбениот комплекс Космос(проект)

Општина Гази Баба тврди дека градежната инспекција утврдила отстапки од дозволената висина на објектот. Цаноски вели дека се е легално.

Силно полициско обезбедување и градежни инспектори од општина Гази Баба се наоѓаат пред комплексот во изградба-Космос, на бизнисменот и пратеник Фијат Цаноски. Луѓето блиски до Цаноски велат дека уривањето на објектите се уште не е почнато. Инспекцијата сака да урне шест ката, или околу 35.000 квадратни метри од објектот. Полицијата не му дозволува пристап до објектот на Цаноски, кој е во близина со група пратеници од СДСМ.

Комплексот се гради во населбата Ќерамидница, покрај Вардар, во непосредна близина на Уневерзитетот ФОН, кој исто така е во сопственост на семејството Цаноски. Од Универзитетот велат дека полицијата дошла кај објектите во изградба уште од 4 часот утринава.

Во МВР велат дека полицијата е таму на барање на општина Гази Баба, за да асистира во уривањето на објектот. Според нив, не е битен бројот на распоредени полицајци, туку дека е најбитно да нема инциденти.

Комплексот Космос во изградба.

Во општина Гази Баба велат дека пред десетина дена е запрена изградбата на луксузниот станбен комплекс „Космос“ и оти градежната дозвола им е одземена поради утврдени отстапки во висината, надвор од дозволата за градба и од Деталниот урбанистички план. Во соопштението од општината се наведува дека е извршена контрола на изградбата и побаран е увид во потребната документација за изградба која изведувачот е должен да ја има на градилиште, при што биле констатирани серија на прекршувања на Законoт за градење. Според општинарите, тие му дале рок на инвеститорот да ја корегира градбата согласно одобрените услови во Основниот проект.

„Бидејќи инвеститорот, во предвидениот рок тоа не го стори, на ден 01.08.2011 година градежната инспекција на Општина Гази Баба, во рамките на своите законски надлежности, пристапи кон административно
Општина Гази Баба, во рамките на своите законски надлежности, пристапи кон административно спроведување на Решението, односно отстранување на градбата.
спроведување на Решението, односно отстранување на градбата“, се наведува во известувањето од општина Гази Баба испратено до медиумите.

Цаноски, пак, прашува како може да има отстапки во висината, кога објектот се уште е во фаза на градба. Тој тврди дека се што гради досега е легално и дека ја поседува целата документација. Според него, се уште не му е поминат рокот за жалба на, како што тврди, заклучокот кој што му бил неправилно доставен. Најави кривични пријави и тужби пред меѓународни судски институции.

Политичка пресметка со неистомислениците

Во претходниот пратенички состав, Цаноски и неговата ПЕИ беа коалициски партнери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На овие избори, тој влезе во Парламентот како коалициски партнер на опозицискиот СДСМ.

Пратеникот од СДСМ, Андреј Петров, кој го придружуваше Цаноски во близина на објектот, изјави дека ова е политичка пресметка на власта со неистомислениците.

Сватот на Цаноски, Велија Рамковски веќе неколку месеци и во притвор.

Цаноски му е сват на сопственикот на телевизијата А1, Велија Рамковски. Помладата ќерка на Рамковски е сопруга на синот на Цаноски.

АЕК пред два дена и ја одзеде концесијата на А1, а Рамковски и уште неколкумина негови соработници неколку месеци се во притвор. Тие се обвинети за затајување данок и економски криминал во случајот Пајажина.

Изградбата на „Космос“ почна во април годинава. Беше најавен како мини-град, составен од една голема зграда од 17 ката и една помала зграда. Двете заедно ќе имаат 560 стана, во кои ќе живеат околу 4.000 жители. Поголемата зграда е предвидено да има околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Во големата се предвидени деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500 до 2.000 квадратни метри. Во средишниот дел на овој последен кат треба да бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите, како и детска градинка. Изградбата на комплексот чини околу 30 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG