Достапни линкови

Дневен печат


Случајот „Дрaматург“, А1 под стечај, ветувањата во експозето на премиерот Груевски - дел од темите во дневните печатени изданија.

„Цел е фондацијата, а не јас“, го цитира Владимир Милчин, Дневник, по прес-конференцијата на универзитетскиот професор и директор на Фондацијата Отворено општество-Сорос, на која обелодени дека, всушност, за него било водено досие од тајните служби уште во 70-те и
Нова Македонија оди со наслов: ,,Драматургот не изрежира подобра лустрација“.

80-те години на минатиот век, што сега Комисијата за лустрација го вади против него и го обвинува дека бил, како што популарно се нарекува, кодош. Дневник ја објавува и изјавата на претседателот на Комисијата, Аџиев кој недостигот на пишани документи како доказ, изјави дека не мора да има писмена изјава за да се биде кодош.

Нова Македонија оди со наслов: „Драматургот не изрежира подобра лустрација“, а Вечер дури ексклузивно од свои извори објавува дека „Милчин ги кодошел Коле Чашуле и Живко Чинго“, во тоа време директори на Македонскиот народен театар.

Никола Груевски го образложува експозето за нова влада пред Собранието.

Утрински, од своја страна, консултира интелектуалци и аналитичари кои сметаат дека со овој случај, „лустрацискиот воз излета од шините“ и дека на површина испливале многу слабости на процесот, како што се начинот на работа на Комисијата и уличната лустрација.

Дека А1ТВ отиде под стечај објавија сите медиуми. Дневник извести дека „Судот отвори стечајна постапка за телевизијата поради долг од 30 милиони евра“ и дека „Лиценцата на А1 го подели Советот за радиодифузија“. Утрински пишува дека во знак на протест, Здружението на новинарите во иднина нема да делегира свои претставници во Советот.

Се разбира, сите медиуми го одбележаа и
„Утрински“ насловува дека ,,Груевски уште еднаш вети подобро економско утре“.

експозето на Груевски во улога на премиер и почетокот на дебатата за новата Влада во Собранието: Утрински насловува дека „Груевски уште еднаш вети подобро економско утре“. Мандатарот не го ни спомна предкоалицискиот договор со Ахмети, чии промени на некои мошне деликатни закони предизвикаа вистинска бура во Собранието, додава весникот.

Нова Македонија вели „трета мајка за подобра економија и за членство во ЕУ и во НАТО“. Вечер, од експозето во наслов вади поента од Груевски дека и новата влада ќе работела за подобра иднина на сите граѓани.

И, во актуелната политичко-економска ситуација се чини сите забораваме на Македонците во соседните земји. Само Утрински се осврнува на податоците од последниот попис во Бугарија, објавени деновиве, според кој претставници на нашето малцинство во таа членка на Европската унија има приближно колку и пријавените случаи на Марсовци на планетава - само илјада 654! Во Обединетата македонска дијаспора пресметале дека со ваков културен геноцид ретко може некој да се пофали во светот - бројот на Македонците сега е трипати помал отколку во 2001 година!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG