Дали кодошениот може да биде и кодош, дали институциите воделе паралелни досија за луѓето кои биле следени од УДБА, дали може некој да биде соработник без при тоа да потпише документ за соработка со тајните служби? Ова се дел од прашањата што се наметнуваат по
објавувањето на контроверзните информации за досието на директорот на фондацијата Отворено општество, Владимир Милчин.
Милчин тврдеше дека не може во исто време да биде и кодош и да биде кодошен. Дополнително на медиумите им покажа и документ од 1983 година во кој е наведено дека тој не соработувал со тајните служби. Од
друга страна, пак, претседателот на комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев изјави дека според нивните документи следеното лице во еден период прифатил да биде соработник и за својата обврска не наплатил пари, но не ни потпишал документ за соработка.
Поранешниот претседателски советник за национална безбедност, Стево Пендаровски, вели дека не може во исто време некој да биде кодош и да биде кодошен:
„Или си едното или си другото. Можно е да си бил извесен период следен, а подоцна да се согласиш да соработуваш со оние кои те следеле, такви пресврти постојат и во Макеоднија и во светот, но во исто време паралелно да бидеш и едното и другото едноставно во статусна смисла не е можно.“
Поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, вели дека често се случувало луѓето кои биле следени од тајните служби по извесно време да потклекнат на притисокот и да прифатат соработка.
„Врз голем дел од нив се вршело соодветен притисок дека ќе биде обелоденето нивото минато и дека подобро е да бидат мирни и во врска со власта односно тајните полиции, дека таа ќе им возврати за брз напредок во кариерата и други погодности за соработка.“
Пендаровски е дециден дека е невозможно соработник на тајните служби да нема акт на соработка затоа што се друго може да биде кафеанско муабетење, или користенње на информации што некој ги дал без да биде свесен дека е користен како информатор.
Од друга страна, Трајанов вели дека на Kомисијата и е доволен и еден документ од државниот архив за да постапи по него затоа што Архивот треба да располага со сите оригинални документи и евиденции од тајните служби од 45-та година па наваму.
„Така што може да се случи во службата за државна безбедност да не постои никаков материјал ако е комплетно префрлен во Архивот на Македонија, но треба и тие служби да се изјаснат дали има евентуално некаква трага по кој основ има евиденции за некои од лицата кои еве сега се споменуваат.“
Пендаровски смета дека е можно да постојат дополнителни материјали за кои Милчин не бил известен дека постојат.
„Она што е спорно во овој случај, колку што гледам, е тоа дека Комсијата за лустрација вели дека нивната квалификација дека дотичниот наводно соработувал со Министерството во тоа својство, се потпира само на документот од Архивот на Македонија. Тие не велат освен тоа досие има и други материјали врз основа на кои ние заклучувавме туку споменуваат само досие од Архивот, меѓутоа јас мислам дека тука не станува збор за паралелни досиеа од кои дел му се дадени, дел не му се дадени, туку станува збор веројатно за политичка манипулација на еден дел од Комисијата која веројатно има политички мотиви да го прави тоа што го прави.“
Милчин за тоа изјави дека ако постоело уште едно досие требало да го известат и дека тоа во најмала рака претставува политички криминал.
Во своето излагање пред јавноста, Милчин истакна дека во документите имало и лажни податоци, дека биле прислушкувани и разговорите што ги водел со неговите родители и блиски
„Меѓутоа кога го видов моето досие и среќа што го видов, кога видов како се досиеата правени ми се крена коса на глава. Кога видов колку тука има полуписмени извештаи во кои нема точни имиња, кога видов како се оценуваат претстави дали се политички сомнителни или не, кога видов дека и по одлуката да престане прогонот на Владимир Милчин тие и натаму се интересирале и правеле службени белешки, повторно ми се наметна прашањето: Дали всушност постојат и некои паралелени збирки на божемни факти?“
Досието од 217 странци што Милчин вчера им го покажа на медиумите го подигнал од шалтерот на МВР во 2000 година, откако тогашната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, го информирала за неговото досие.
Или си едното или си другото. Можно е да си бил извесен период следен, а подоцна да се согласиш да соработуваш со оние кои те следеле, такви пресврти постојат и во Макеоднија и во светот, но во исто време паралелно да бидеш и едното и другото едноставно во статусна смисла не е можно.
Милчин тврдеше дека не може во исто време да биде и кодош и да биде кодошен. Дополнително на медиумите им покажа и документ од 1983 година во кој е наведено дека тој не соработувал со тајните служби. Од
друга страна, пак, претседателот на комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев изјави дека според нивните документи следеното лице во еден период прифатил да биде соработник и за својата обврска не наплатил пари, но не ни потпишал документ за соработка.
Поранешниот претседателски советник за национална безбедност, Стево Пендаровски, вели дека не може во исто време некој да биде кодош и да биде кодошен:
„Или си едното или си другото. Можно е да си бил извесен период следен, а подоцна да се согласиш да соработуваш со оние кои те следеле, такви пресврти постојат и во Макеоднија и во светот, но во исто време паралелно да бидеш и едното и другото едноставно во статусна смисла не е можно.“
Поранешниот министер за внатрешни работи, Павле Трајанов, вели дека често се случувало луѓето кои биле следени од тајните служби по извесно време да потклекнат на притисокот и да прифатат соработка.
„Врз голем дел од нив се вршело соодветен притисок дека ќе биде обелоденето нивото минато и дека подобро е да бидат мирни и во врска со власта односно тајните полиции, дека таа ќе им возврати за брз напредок во кариерата и други погодности за соработка.“
Пендаровски е дециден дека е невозможно соработник на тајните служби да нема акт на соработка затоа што се друго може да биде кафеанско муабетење, или користенње на информации што некој ги дал без да биде свесен дека е користен како информатор.
Така што може да се случи во службата за државна безбедност да не постои никаков материјал ако е комплетно префрлен во Архивот на Македонија, но треба и тие служби да се изјаснат дали има евентуално некаква трага.
Од друга страна, Трајанов вели дека на Kомисијата и е доволен и еден документ од државниот архив за да постапи по него затоа што Архивот треба да располага со сите оригинални документи и евиденции од тајните служби од 45-та година па наваму.
„Така што може да се случи во службата за државна безбедност да не постои никаков материјал ако е комплетно префрлен во Архивот на Македонија, но треба и тие служби да се изјаснат дали има евентуално некаква трага по кој основ има евиденции за некои од лицата кои еве сега се споменуваат.“
Пендаровски смета дека е можно да постојат дополнителни материјали за кои Милчин не бил известен дека постојат.
„Она што е спорно во овој случај, колку што гледам, е тоа дека Комсијата за лустрација вели дека нивната квалификација дека дотичниот наводно соработувал со Министерството во тоа својство, се потпира само на документот од Архивот на Македонија. Тие не велат освен тоа досие има и други материјали врз основа на кои ние заклучувавме туку споменуваат само досие од Архивот, меѓутоа јас мислам дека тука не станува збор за паралелни досиеа од кои дел му се дадени, дел не му се дадени, туку станува збор веројатно за политичка манипулација на еден дел од Комисијата која веројатно има политички мотиви да го прави тоа што го прави.“
Ми се наметна прашањето: Дали всушност постојат и некои паралелени збирки на божемни факти?