Достапни линкови

Лустрацијата тапка во место


Според експертите, процесот на лустрација во Македонија тапка во место, а се употребува за политичка пресметка со лустрирање конкретни лица.

Тринаесет бугарски амбасадори, меѓу кои и оној во Македонија беа повикани на разговор во Софија, бидејќи соработувале со комунистичките тајни служби. Во земјава, откако е донесен законот за лустрација, прв на тапет се најде
Во една Бугарија, за десетина дена по донесувањето на законот, 40-50 случаи или функционери, да кажам, веднаш да ги отстрани од функцијата, затоа што се утврди дека потпаѓаат под лустрација. Кај нас мошне тешко
се оди.
поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски, а сега темата повторно стана актуелна со пронаоѓањето на вториот кодош во Советот на град Скопје. И додека во Бугарија процесот на лустрација се спроведува, експертите оценуваат дека во Македонија тој тапка во место.

Професор Осман Кадриу вели дека поголемиот дел од земјите од посткомунистичкиот режим го донесоа законот за лустрација и тој даде резултати. Проблемот кај нас е тоа што доцниме со донесување на законот за лустрација, кој и со новите измени не може да биде спроведен.

„Во една Бугарија за десетина дена по донесувањето на законот, 40-50 случаи или функционери, да кажам, веднаш да ги отстрани од функцијата, затоа што се утврди дека потпаѓаат под лустрација. Кај нас мошне тешко се оди. Законот има толку многу формалности, што фактички тие формалности не овозможуваат да се спроведе закон како што треба.“

Само двајца кодоши во Македонија?!

Предлагачот на законот, долгогодишниот пратеник Стојан Андов вели дека, иако во Бугарија нема законска забрана соработниците на тајните служби да не вршат јавни функции, сепак процесот на лустрација подобро функционира.

„Едно морално и политичко правило е, и тие го спроведуваат тоа и еве си ги повлекоа. За тоа треба да се создаде атмосфера во земјата. Кај нас имаме и законска обврска да се повлечат од таму, па не се повлекуваат.“
Немаме политичка волја, политичка позиција да се спроведе. И измените кои се донесени ви тврдам со полна одговорност се донесени да се лустрираат конкретни лица, а тоа значи според моето мислење се работи за одредена политичка пресметка.

Според Кадриу, законот во земјава беше донесен под притисок од ЕУ, а не затоа што имаше желба кај властите и затоа тој е само формалност и алиби пред меѓународната заедница.

„Немаме политичка волја, политичка позиција да се спроведе. И измените кои се донесени, ви тврдам со полна одговорност се донесени да се лустрираат конкретни лица, а тоа значи според моето мислење се работи за одредена политичка пресметка помоеѓу одделни политички сили и структури во државата.“

Андов вели дека нема волја кај институциите и затоа досега има само два случаи на лустрација.

„Нашите институции кои се должни да ги дадат документите не си ја работат добро работата. Сомнително е тоа од толку илјади вршители на јавни функции или кандидати, да има само двајца кои соработувале – тоа е несериозна работа.“

Ист е случајот и во другите соседни земји. Во Србија законот за лустрација не профункционира, а во Албанија тој беше поништен од Уставниот суд. Во Црна Гора, пак, воопшто нема донесено закон.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG