Достапни линкови

Без одлука за А1


Од протестот на новинарите на А1 пред владата.
Од протестот на новинарите на А1 пред владата.

По неколкучасовниот состанок, Советот за радиодифузија не донесе одлука како ќе постапува за состојбата со А1 телевизија.

Претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски изјави дека поради деликатноста на ситуацијата, ќе им бидат потреби дополнителни консултации деновиве. Стефаноски вели дека постои поделеност во ставовите кај одредени членови во советот.
Не е едноставно да се донесе ваква одлука, односно да се констатира престанок на важење на дозвола. Констатиравме дека самата стечајна постапка може да оди во два правци. Првиот беше реорганизација на субјектот, вториот правец беше ликвидирање, однсно впаричување на субјектот. Ако ние донесеме одлука со која констатираме престанок на важење на дозволата, автоматски влијаеме на целиот процес.

„Не е едноставно да се донесе ваква одлука, односно да се констатира престанок на важење на дозвола. Констатиравме дека самата стечајна постапка може да оди во два правци. Првиот беше реорганизација на субјектот, вториот правец беше ликвидирање, однсно впаричување на субјектот. Ако ние донесеме одлука со која констатираме престанок на важење на дозволата, автоматски влијаеме на целиот процес.“

Ако А1 ја изгуби дозволата за работа, нема да може да продолжи со радиодифизна дејност, а со тоа стечајната постапка ќе се движи само во еден правец, а тоа е впаричување, односно ликвидација, затоа е потребно уште многу да се размисли пред Советот да донесе одлука објаснува Стефаноски.

По работниот состанок, Советот треба да закаже седница на која ќе одлучува за состојбата. На работниот состанокот присуствуваа само пет членови кои ги разгледувале правните опции за ситуацијата со телевизијата.

Вработените на А1 денеска се сретнаа со стечајниот управник Ацо Петров кој им соопшти дека сите се отпуштени и им ја објаснил процедурата околу платите. Останува нејасно што ќе се случува со програмата. Петров, по двочасовниот состанок со членовите на Советот за радиодифузија, на брзање, кратко изјави дека со нив само тековно ги коментирале законите за стечај и радиодифизија.

Зоран Стефаноски, претседател на Советот за радиодифузија

„Тоа е во надлежност на други институции и органи во државата, не е во моја надлежност, јас имам надлежности и обврски согласно законот.“

За што разговаравте?

„Околу законот за стечај и законот за радиодифузија.“

И кој е заклучокот?

„Не знам, се уште е рано да се каже.“

Телевизијата ќе треба да емитува програма со која ќе ги исполнува минималните услови за да не ја изгуби дозволата по друг основ од законот за радиодифизија и покрај тоа што се отпушени вработените некој ќе мора да остане на работа за да ја пушта програмата со што ќе остане
Под реорганизација се подразбира да се ангажираат доволно лица, минимум лица кои што би може некаква програма да емитуваат на таа телевизија до моментот додека не се донесе решение од страна на СРД или стечајниот управник

отворена опцијата за реорганизација на телевизија, а не нејзина ликвидација, смета Стефаноски.

„Под реорганизација се подразбира да се ангажираат доволно лица, минимум лица кои што би може некаква програма да емитуваат на таа телевизија до моментот додека не се донесе решение од страна на СРД или стечајниот управник.“

Тој додава дека Советот до сега не се сретнал со ваков случај.

„Логиката велеше дека треба да се заврши постапката и врз основа на тоа да видиме дали субјектот ќе продолжи да работи, ќе се реорганизира, ревитализира и врз основа на тоа дозволата што ја поседува, а која е платена до мај 2012 година, можеби ќе продолжи со сопствена работа, а можеби ќе биде купена од некого или, пак, ќе се одлучи стечајниот управник да неправи план за реорганизација туку да го впаричи долгот на должникот, а со тоа да ги намири доверителите.“

Македонскиот институт за медиуми изрази жалење за одлуката со која А1 е ставена под стечај, а колегите во телевизијата го изгубија работниот статус. Во соопштението е наведено дека МИМ бара од Советот да ги искористи сите законски можности, А1 да ја зачува дозволата за работа, водејќи се од начелото за заштита на интересите на граѓаните во радиодифузната дејност и заштита на плурализмот во медиумската сфера, што е и негова законска обврска.

Згаснување на еден национален информативен медиум може да нанесе долгорочна штета на слободата на изразувањето и на медиумскиот плурализам во Македонија, стои меѓу другото во соопштението.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG