Достапни линкови

(Не)пристрасни медиуми


Според извештајот на МИМ, поголем дел од медиумите не го поминале тестот за избалансирано известување за време на изборите. Кај телевизиите, Телма посочена како најумерена, а Алсат-М со релативно умерено известување. Од весниците, „Нова Македонија“ не ги прекршувала професионалните принципи, а „Коха“ - најизбалансиран весник на албански јазик.

Поголем дел од медиумите во земјава не го поминаа тестот за избалансирано и непристрасно известување за време на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 5. јуни. Ова го покажува финалниот извештај од мониторингот на медиумуте кој го спроведе Македонскиот институт за медиуми.

А1, Сител, Канал 5, Вечер, Време, Утрински и Дневник во изборната кампања известувале пристрасно и неизбалансирано. Одделни медиуми поради експлицитното зазамење страна во вестите и програмата наменета за изборната кампања отстапиле повеќе простор за едни политички партии во однос на други. Па според извештајот, телевизиите Сител , Канал 5,
Она што особено загрижува е дека медиумите не покажаа професионална солидарност. Тие го проголтаа валканиот начин на водење кампања од страна на политичарите и ја префрлија кавгата напаѓајќи се меѓусебно во име на туѓи
интереси.

МТВ1 , МТВ2 како и весниците „Коха“ и „Вечер“, отстапиле видливо повеќе простор за владејачките партии. А1 и весникот „Време“, заедно со групацијата која се поврзува со Велија Рамковски отстапиле повеќе време за опозицијата. Програмскиот раководител во МИМ, Весна Никодиновска, вели дека еднострано известување речиси стана практика во медиумското покривање на изборна кампања.

„На повеќето медиуми се среќаваа прилози и текстови во кои не се консултираше втората страна ниту пак беа обезбедени спротиставени гледишта. Медиумите наместо да се постават како коректив, често им помагаа на политичарите и спин докторите да ги загреат каналите на политичка и поширока општествена комуникација, а со тоа да го засилат недоличниот политички јазик.“


Таа додава дека причините за ова може да се лоцираат во два извора. Од една страна, владејачките партии ги бојкотираа критички настроените медиуми, но од друга страна, некои медиуми отворено се ставиле на страна на одредена политичка опција, а не се исклучува и комбинацијата од двете причини.

Освен експлицитната оценка на новинарите за политичарите што го одредува позитивниот или негативниот тон на известувањето, бил забележан и друг елемент, а тоа е врамување или контекстуализација на
Од приложеното може да се констатира дека медиумите за овие избори, на некој начин поголемиот дел од нив, не успеаја да го поминат овој тест.

актерите во медиумкото изветување. Како примери за тоа во извештајот се наведени и серијалите со социјалните приказни кои се емитуваа за време на предизборната камања, а Владата и институциите биле посочувани како виновници, или пак серијалите на прилози и текстови преку кои медиумите се препукуваа меѓусебно и се дискредитираа. Во некои прилози било забележано и мешање на факти со лично мислење или коментар на новинарот или уредникот и намерно изместување на информацијата.

„Она што особено загрижува е дека медиумите не покажаа професионална солидарност. Тие го проголтаа валканиот начин на водење кампања од страна на политичарите и ја префрлија кавгата напаѓајќи се меѓусебно во име на туѓи интереси“, вели Никодиновска

Препораката до медиумите се однесува на тоа дека критикувањето на власта и воопшто на политичките актери е оправдано од аспект на обезбедувањето на јавно добро, но новинарите треба да ги пренесуваат фактите и вестите на начин со кои ќе и дозволат на публиката сама да донесе заклучоци.

„Мониторингот на медиумите се прави со цел да се понудат одредени решенија и да се подобри оценката за начинот на кој што медиумите ќе известуваат за наредните избори да биде далеку попозитивна од годинава. Од приложеното може да се констатира дека медиумите за овие избори, на некој начин поголемиот дел од нив, не успеаја да го поминат овој тест“, вели Билјана Петковска, директор на МИМ.

Мониторингот е направен во периодот од 23. мај до 5. јуни врз 13 медиуми, односно седум телевизии и шест дневни весници. Извештајот на Македонскиот институт за медиуми е дел од заедничкиот проект за интегриран мониторинг на изборите „Мојот избор 2011“, а бил спроведен во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG