Македонскиот институт за медиуми и Здружението на новинари остро реагираат на последните предлог-измени во Законот за радиодифузна дејност со кои се предлага менување на составот и бројот на членовите на Советот за радиодифузија. Во заедничката писмена реакција е наведено дека менувањето на значајни закони како што е овој во забрзана постапка која не ги вкучува медиумите, експертите и другите засегнати страни дополнително ја усложнува ситуацијата во која се наоѓаат медиумите во земјава.
Решенијата се перцепипираат како наметнати затоа што независноста на регулаторното тело е клучно за независноста на електронските медиуми.
На дневен ред на собраниска седница, по скратена постапка се ставени предлог-измените, со кои се предвидува зголемување на бројот на членовите во Советот од 9 на 15.
Пратеникот од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која е предлагач на измените, Влатко Ѓорчев, изјави дека со проширувањето ќе се постигне поголема ефикасност и поголем квалитет во работењето на овој орган. Опозицискиот СДСМ смета дека тоа е преседан кој не смее да се случи.
Според предлог измените, претседателот на државата и ЗЕЛС ќе имаат право да предложат по два члена. По еден член ќе предлагаат Комисијата за заштита на конкуренцијата и Антикорупциската комисија.
Според дел од експертите, се наметнива прашањето дали со овие измени во законот се прави партиски упад во регулаторното тело.
Законските измени на „мала врата“
МИМ и ЗНМ итно бараат одговори од предлагачите на измените во законот.
„На што се должи донесувањето на овие измени кога се знае дека е во тек постапка за усогласување на законот со новата директива на ЕУ за аудиовизуелни медиумски сервиси, потоа зошто овој процес се одвива нетранспарентно, без каква било јавна консултација, зошто со новите измени други регулаторни тела ќе може да предлагаат членови на СРД и на крајот кои се вистинските причини за брзото донесување на овие измени?“, вели директорката на МИМ, Билјана Петковска.
Поранешниот претседател на Советот за радиодифизија, Мирче Адамчевски, вели дека не се согласува со дадените образложенијата за зголемување на бројот на членови на Советот.
„Мене лично ако ме прашате сметам дека и девет членови на Советот е многу, а за 15 и да не зборуваме, значи и со девет членови може да се работи ефикасно, а обемот на работа не е зголемен од она што бил во мое време.“
Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, Љубомир Јакимовски, смета дека за ова е потребна јавна расправа.
„Мислам дека бројот не е гаранција за квалитетот на составот на телото.“
МИМ и ЗНМ констатираат дека секогаш кога се донесува регулатива која се однесува на медиумите, тоа се прави во последен момент на нетранспарентен начин и без консултација со медиумите.

На што се должи донесувањето на овие измени кога се знае дека е во тек постапка за усогласување на законот со новата директива на ЕУ за аудиовизуелни медиумски сервиси, потоа зошто овој процес се одвива нетранспарентно, без каква било јавна консултација, зошто со новите измени други регулаторни тела ќе може да предлагаат членови на СРД и на крајот кои се вистинските причини за брзото донесување на овие измени?