Опаѓање на демократијата и намалување на независноста на медиумите во Македонија е забележана во најновиот извештај на Фридом хаус за „Нациите во Транзиција 2011“. Македонија, заедно со Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово, има опаѓање во севкупните демократски резултати, кое потекнува од различни тврдоглави пречки во спроведување на реформите.
Претседателот на Хелсиншкиот комитет, Осман Кадриу вели дека се уште не може да се зборува за остварување на демократијата во земјава, кога одредени органи како медиумите, судството и државната администрација се зависни од власта.
„Се забележува една политизација на односите и состојбите и со тоа фактички се доведува во прашање и самата демократија како една позитивна појава, а ние како држава се дефинираме како демократска држава, но еве во праксата за покажува дека има директни напади врз демократските процеси.“
Во извештајот се вели дека е зголемен бројот на клевети и казни против новинарите, кои најчесто потекнувале од политичарите, членовите на судството и власта. Наведено е и дека опозициски настроените медиуми се соочиле со полициски рации и апсења, наводно за финансиски малверзации. Кадриу вели дека политичките партии кои се на власт преземаат мерки против медиумите кои се критички настроени со што се доведува во прашање нивната независност.
„Тоа претставува повреда на уставните права, повреда на нивните права затоа што медиумите во секоја држава независно од општественото уредување на државата имаат едно значење, посебна улога во
информирањето и оваа дејност треба да се негува, треба да се штити.“
Комуникологот Биљана Петровска вели дека политичките партии влијаат врз работата на медиумите, како што е случајот со А1, Шпиц, Време, **** е ре и Утрински весник.
„Се гледа дека доаѓа до подготовка на некои заговори кон овие медиуми од страна на власта, односно политичките партии коишто се на власт, односно кон нивно згаснување и тоа воопшто не е во ред бидејќи на ваков начин се доведува медиумскиот простор во состојба на мрак, а Македонија надвор од демократските процеси.“
Во однос на другите области кои ги оценува Фридом Хаус, како судството, корупцијата, националното и локалното демократско владеење, граѓанското општество и изборниот процес се на исто ниво како и во претходниот извештај.
Се забележува една политизација на односите и состојбите и со тоа фактички се доведува во прашање и самата демократија.
Претседателот на Хелсиншкиот комитет, Осман Кадриу вели дека се уште не може да се зборува за остварување на демократијата во земјава, кога одредени органи како медиумите, судството и државната администрација се зависни од власта.
„Се забележува една политизација на односите и состојбите и со тоа фактички се доведува во прашање и самата демократија како една позитивна појава, а ние како држава се дефинираме како демократска држава, но еве во праксата за покажува дека има директни напади врз демократските процеси.“
Во извештајот се вели дека е зголемен бројот на клевети и казни против новинарите, кои најчесто потекнувале од политичарите, членовите на судството и власта. Наведено е и дека опозициски настроените медиуми се соочиле со полициски рации и апсења, наводно за финансиски малверзации. Кадриу вели дека политичките партии кои се на власт преземаат мерки против медиумите кои се критички настроени со што се доведува во прашање нивната независност.
„Тоа претставува повреда на уставните права, повреда на нивните права затоа што медиумите во секоја држава независно од општественото уредување на државата имаат едно значење, посебна улога во
Mедиумите во секоја држава независно од општественото уредување на државата имаат едно значење, посебна улога во информирањето и оваа дејност треба да се негува, треба да се штити.