Неизбалансирано известување во најгледаните медиуми за предвремените парламентарни избори, забележува Советот за радиодифузија во извештајот од надгледувањето на јавните гласила. Забелешки за поларизираност во известувањето се наведуваат и во извештајот на Македонскиот институт за медиуми, МЦМС и „Социетас Цивилис“ наречен „Мојот избор 2011“. Претседателот на советот за радиодифузија, Зоран Стефаноски, вели дека најгледаните медиуми „се ставиле во позиција на застапување на одредена позиција“.
„Всушност во втората половина се интензивираше ваквото известување во кое А1 ТВ се наоѓа од страна на опозицијата и против власта, а Сител ТВ од страна на власта и против опозицијата. Нивната нетрпеливост исто така растеше. Негативно ли позитивно врбување имаше и кај другите медиуми што се гледаше по телопите кои стоеа на екранот за време на прилогот претставувајќи сублимат на главната порака што медиумите сакаат да ја пренесат. Вакви примери има кај Канал 5 и кај Алфа ТВ. Првата позитивно ги врбуваше ветувањата на власта и Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ, а втората негативно ги врбуваше активностите на власта.“
Стефаноски посочи дека вршителите на јавни функции го користеле медиумското внимание за настаните за да се промовираат како кандидати за пратеници:
„Од едната страна носителите на функции користеа настани за истовремено да настапат и како кандидати, а од друга страна на некои од настаните кои претставуваа активност на власта во функција на изборна кампања освен премиерот, министерите и градоначалниците учествуваа и кандидатите за пратеници.“
Советот упатил 26 укажувања а покренати се 21 прекршочна пријава.
Програмскиот менаџер на македонскиот институт за медиуми Петрит Сарачини, презентирајки го извештајот „Мојот избор 2011“, вели дека јавните гласила, меѓу другото, не успеале да покажат професионална солидарност и меѓусебно се напаѓале во име на туѓи интереси
„Медиумите и новинарите не успеаа да се наметнат како конструктивни и влијателни актери во предизборието и да ја остварат со тоа нивната улога на чувари на јавниот интерес и на коректори на власта.“
Според наодите од мониторингот, весниците и телевизиите или фаворизирале или тенденциозно критикувале. Весна Никодиновска од македонскиот институт за медиуми појаснува:
„Евидентирани беа примери во кои се забележуваа суптилни, но и експлицитни форми на фаворизирање или критикување на одредена политичка опција.“
Всушност во втората половина се интензивираше ваквото известување во кое А1 ТВ се наоѓа од страна на опозицијата и против власта, а Сител ТВ од страна на власта и против опозицијата.
„Всушност во втората половина се интензивираше ваквото известување во кое А1 ТВ се наоѓа од страна на опозицијата и против власта, а Сител ТВ од страна на власта и против опозицијата. Нивната нетрпеливост исто така растеше. Негативно ли позитивно врбување имаше и кај другите медиуми што се гледаше по телопите кои стоеа на екранот за време на прилогот претставувајќи сублимат на главната порака што медиумите сакаат да ја пренесат. Вакви примери има кај Канал 5 и кај Алфа ТВ. Првата позитивно ги врбуваше ветувањата на власта и Манифестот на ВМРО-ДПМНЕ, а втората негативно ги врбуваше активностите на власта.“
Стефаноски посочи дека вршителите на јавни функции го користеле медиумското внимание за настаните за да се промовираат како кандидати за пратеници:
„Од едната страна носителите на функции користеа настани за истовремено да настапат и како кандидати, а од друга страна на некои од настаните кои претставуваа активност на власта во функција на изборна кампања освен премиерот, министерите и градоначалниците учествуваа и кандидатите за пратеници.“
Медиумите и новинарите не успеаа да се наметнат како конструктивни и влијателни актери во предизборието и да ја остварат со тоа нивната улога на чувари на јавниот интерес и на коректори на власта.