Македонските власти мора да престанат со обидите за задушување на слободата на изразувањето, е наведено во жестоката рекација на Амнести Интернејшнал објавена на нивната интернет страница по затварањето на три дневни весници во земјава. Во писмената изјава на директорката на Амнести Интренејшнал за Европа и Централна Азија, Никола Дакворт, е
наведено дека затворањето, износите кои се бараат за даноци и условите за плаќање се чини дека се политички мотивирани. Таа додава дека стравува оти Владата на премиерот Никола Груевски го користи новиот мандат како изговор за да продолжи со обидите за изолација, маргинализација и замолчување на медиумите кои имаат критички поглед кон владата. На реакцијата на Амнести Интеренејшнал и претходеше и жестока рекација на ОБСЕ.
Во ситуација кога во медиумите се отпуштаат новинари по е-маил, не им се плаќаат придонеси, се даваат плати на рака или во бонови, се делат уцени и закани кон новинарите, кога дел од нив се користат како алатки за задоволување на бизнис и политички интереси на работодавачите, заштита можат да побараат во синдикално организирање. Претседателката на синдикатот на новинари и медумски работници ,Тамара Чаусидис, вели дека постојат законски алатки со кои може да ги заштити работничките права на новинарите, а една од првите орудие е социјален дијалог со работодавачите, но тука проблемите почнуваат.
„Ние реално немаме социјален дијалог, немаме преговори со работодавачите, имаме медиуми кои релативно не толерираат, а тоа значи им дозволуваат на своите вработени да бидат членови на Синдикатот, а имате и медиуми каде што работодавачите тоа не го сакаат, не се добронамерни кон Синдикатот, отпуштаат синдикални претставници или се обидуваат да отпуштат синдикални лидери итн, така што тоа е сликата со која денеска се соочуваме.“
Третата адреса на која синдикатот може да се обарти во ситуација кога се кршат работничките права на новинарите е Судот. Професор Здравко Савески вели дека синдикатот е моќен колку што е големо и активно членството кое треба да притиска за да се постигнува социјален дијалог како во сите нормални демократски земји.
„Никој не смее уставното право на Синдикално организирање да го спречува. Има работодавци вкучително и во медиумската сфера, што ова уставно загарантирано право сакаат да го спречат, така што имаат право на колективен договор, но на дело тоа не се спроведува, постои значи законска можност според законот за работни односи, која во практика не се спроведува.“
Савески вели дека синдикалнато здружување и колективниот договор е со Устав загарантирано. Закони постојат, но во практика тоа не се спроведува, вели тој.
Ние реално немаме социјален дијалог, немаме преговори со работодавачите, имаме медиуми кои релативно не толерираат, а тоа значи им дозволуваат на своите вработени да бидат членови на Синдикатот, и имате медиуми каде што работодавачите тоа не го сакаат, не се добронамерни кон Синдикатот.
Во ситуација кога во медиумите се отпуштаат новинари по е-маил, не им се плаќаат придонеси, се даваат плати на рака или во бонови, се делат уцени и закани кон новинарите, кога дел од нив се користат како алатки за задоволување на бизнис и политички интереси на работодавачите, заштита можат да побараат во синдикално организирање. Претседателката на синдикатот на новинари и медумски работници ,Тамара Чаусидис, вели дека постојат законски алатки со кои може да ги заштити работничките права на новинарите, а една од првите орудие е социјален дијалог со работодавачите, но тука проблемите почнуваат.
„Ние реално немаме социјален дијалог, немаме преговори со работодавачите, имаме медиуми кои релативно не толерираат, а тоа значи им дозволуваат на своите вработени да бидат членови на Синдикатот, а имате и медиуми каде што работодавачите тоа не го сакаат, не се добронамерни кон Синдикатот, отпуштаат синдикални претставници или се обидуваат да отпуштат синдикални лидери итн, така што тоа е сликата со која денеска се соочуваме.“
Никој не смее уставното право на Синдикално организирање да го спречува. Има работодавци вкучително и во медиумската сфера што ова уставно загарантирано право сакаат да го спречат.