Достапни линкови

Зошто толку брзање?


Од отвореното студио на А1 пред владата.
Од отвореното студио на А1 пред владата.

Целата постапка во случајот со одземањето на фреквенцијата на А1 ТВ е избрзана, со што се кршат основните принципи на правото, сметаат експертите.

Последните чекори што ги презедоа институциите на државата кон А1 ТВ, отворањето стечај и одземањето на дозволата го наметнаа прашањето, зошто толку многу се брза и не се чека докрај да се спроведат сите процедури?

Виктор Грозданов, еден од авторите на законот за радиодифузија,
Точно е дека А1 ТВ е во стечај и точно е дека има доверители за огромни средства, сите советуваа да се почека собранието на доверители и да се види дали воопшто има некаква минимална шанса да се наплатат средствата или да се продаде телевизијата и да се повратат парите.
нагласува дека има процедури што треба да бидат запазени и дека требаше да се види што мислат доверителите кон А1, кои имаат собрание во октомври.

„Точно е дека А1 ТВ е во стечај и точно е дека има доверители за огромни средства, сите советуваа да се почека собранието на доверители и да се види дали воопшто има некаква минимална шанса да се наплатат средствата или да се продаде телевизијата и да се повратат парите.“

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски неколку денови не одговара на нашите телефонски повици. Тој треба да каже зошто без одлука на Советот за радиодифузија ја укина фрекфенцијата. СРД смета дека Агенцијата за електронски комуникации ја прекрши постапката и без да добие одлука од Советот, за дејствување, односно за одземање на фрекфенцијата го прекина емитувањето на програмата на А1.

Од А1 остана само логото. Телевизијата не емитува сигнал од сабота навечер.

Слаѓана Тасева од Транспарентност Нулта корупција прецизира дека со целата постапка околу А1 се доаѓа до заклучокот дека се води нефер постапка и дека се кршат основните принципи на правото на сопственост и правото на управување со таа сопственост.

„Сето ова се прави на некој начин избрзано уште на самиот старт кога не се знаеше зошто воопшто се поведе кривична постапка кога даночната не беше завршена, притворот, истрагата, оваа постапка за стечај... тука државата прави голем број на несоодветни реакции од страна на институциите за кои што некогаш ќе мора да дадеме конкретно и прецизно објаснување што се случувало, но тогаш веројатно ќе биде премногу доцна за А1 ТВ. Мислам дека тука имаше и други
Некогаш ќе мора да дадеме конкретно и прецизно објаснување што се случувало, но тогаш веројатно ќе биде премногу доцна за А1 ТВ.

решенија.“

Во своето соопштение, ВМРО-ДПМНЕ оцени дека државата мора да обезбеди легална постапка преку стечај за сите субјекти кон кои А1 должи 20 милиони, а кои се различно од 10-те милиони кон државата на име неплатен данок. Одлуката Советот веќе ја донесе, сега треба да се види како доверителите ќе бараат да им се надомести она што го должи телевизијата.

„Сега нешто ад-хок да се преземе, јас не гледам, евентуално сигурно дека би можеле да поднесат некаква жалба на одлуката на Советот за радиодифузија, но не ми е позната до крај таа постапка“, вели Тасева.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG