Достапни линкови

Турски туристи во Битола


Битола
Битола

Семејни посети, но и посета на градот каде учел турскиот реформатор Кемал Ататурк, разгледување на чаршијата - се поголем број туристи од Турција ја посетуваат Битола.

Се поголем број турски туристи ја посетуваат Битола. Тука ги привлекува спомен собата на Кемал Ататурк сместена во битолскиот Музеј некогашна воена гимназија каде учел турскиот реформатор, потоа Широк Сокак и чаршијата каде се задржани градби од османлиско време, џамиите, но и балконот на Елени Каринте, битолчанката во која Ататурк бил вљубен. Дел од турките посетители влечат семејни корени од Македонија, па го
Мајка ми и татко ми во Турција се родени, но дедо ми е од тука и тој ме учеше македонски јазик. Ние сме од Неготино. Во Турција имате многу пријатели, тие многу сакаат да доаѓаат тука и ќе идат.

знаат и македонскиот јазик.

„Коренот ми е од овде, роднините многу одамна заминале за Турција, мајка ми и татко ми во Турција се родени, но дедо ми е од тука и тој ме учеше македонски јазик. Ние сме од Неготино. Во Турција имате многу пријатели, тие многу сакаат да доаѓаат тука и ќе идат“, изјави Олдун Тунџај, градоначалник на општина Тепечик од градот Ајдан, Турција.

Македонскиот амбасадор во Турција, Горан Тасковски е битолчанец и придонесува за зајакнување на туристичките врски пред се преку одржување на форуми каде се среќаваат туристичките чинители од двете држави.


„Ние им ги отворивме вратите, овозможивме да има билатерални средби и презентации на нашите општини. Има договорени тури за посета на Македонија и обратно. Успеавме да воведиме авио-линија, покрај „Туркиш ерлајнс“ и компанијата „Пегасус“ почнува да лета за Македонија со многу пониски цени“, вели Тасковски.

Но, турските туристи во Битола се задржуваат еден ден, ретко преноќуваат, па туроператорите и угостителите треба да изнајдат начин да ги задржат
Успеавме да воведиме авио линија, покрај „Туркиш еарлајнс“ и компанијата „Пегасус“ почнува да лета за Македонија со многу пониски цени.
подолго, вели Шенол Мемиш од здружението „Кемал Ататурк“.

„За жал, турските туристи најчесто доаѓаат попатно. Ќе дојдат, ќе ја посетат спомен собата на Кемал Ататурк, ќе прошетаат низ Широк Сокак и ќе заминат. Овие туристи кои најчесто доаѓаат во Битола се организирани од турситички агенции кои им нудат тури низ Македонија. Најчесто ги носат во родните села од каде потекнувале нивните роднини и преспиваат во Скопје, Штип и Охрид“, вели Мемиш.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG