Достапни линкови

МВР ги политизира протестите на младите


Младите кои протестираат против полициската бруталност не се задоволни од одговорот на МВР на нивните барања. Протестите продолжуваат.

Младите кои протестираат против полициската бруталност, ги продолжуваат демонстрациите. Незадоволни се од реакцијата на Министерството за внатрешни работи на нивните барања за елементарна политичка и материјална одговорност за убиството на младиот Мартин Нешкоски од страна на припадник на полициската единица Тигри.
Тоа е она што нам ни пречи дека целиот одговор е исполитизиран на некој начин. Напишани се имиња на партии, давани се идеи по однос на политички програми и слично.
Не сме задоволни од она што го добивме како реакција од ресорното министерство, бидејќи истиот само во мал дел се повикува на конкретни одговори, вели еден од демонстраторите Кирил Ефремовски.

„Тоа е она што нам ни пречи дека целиот одговор е исполитизиран на некој начин. Напишани се имиња на партии, давани се идеи по однос на политички програми и слично. Ние од сето тоа се оградуваме поради тоа што ние во нашето барање никаде не споменавме име на политичка партија.“


Токму Ефремовски, вчера беше прозван од одередени медиуми дека работи за невладината Сорос и оти демонстраторите се всушност политички приврзаници на Социјалдемократскиот Сојуз. Ваквите тврдења Ефремовски ги отфрли како невистинити.

„Одговорно тврдам, морално и кривично, дека не сум член на ниту една партија најмалку пак на СДСМ, ниту пак досега имам работено за Сорос и не сум поврзан со нивниот директор на било каков начин.“
Треба да ги остават и младите и тие слободно да размислуваат за одредени работи што сакаат да ги имаат.

Политичките аналитичари не веруваат дека конкретните протести имаат политичка позадина. Професорот Назми Малиќи вели дека протестите се израз на гневот и незадоволството на младите луѓе од конкретниот трагичен случај.

„Незадоволството на младите е во рамките на законот, во рамките на едно нивно реално функционирање, да функционира правната држава.“

Тој истовремено апелира до политичките партии да ги остават младите самостојно да размислуваат за своите постапки, а и покрај масовноста на истите Малиќи не очекува нивно радикализирање.

„Далеку од партизација. Треба да ги остават и младите и тие слободно да размислуваат за одредени работи што сакаат да ги имаат во нивните перспективи, во нивната држава, за институционална стабилност и за да функционира правната држава.“

Очевидец на трагичниот настан во Скопје

x
Очевидец на трагичниот настан во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00
Директен линк
На барањата на демонстрантите, кои меѓудругото вклучуваа распуштање на специјалните единици на полицијата како што се „Алфи“ и „Тигри“, замена на секторот за внатрешна контрола со независно граѓанско тело како и истрага за идентификација на припадниците на МВР кои му помогнале на специјалецот да се прикрие делото и суспензија на министерката Гордана Јанулоска и портпаролот Иво Котевски, МВР вчера одговори дека вината за убиството е индивидуална, таа е лоцирана кај конкретно лице и нема потреба за политичка одговорност.

Во меѓувреме, младите најавуваат продожување на протестите се додека како што велат не добијат конкретни одговори од полицијата. Очекуваат омасовување на протестите, кои веќе утре ќе се одвиваат двапати во текот на денот, точно на пладне и попладне во 18 часот, пред споменикот на Мајка Тереза на улица Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG