Протестен марш против полициската бруталност
Неколку илјади млади на 10.06.2011, со протестен марш низ скопските улици го изразија својот револт против полициската бруталност. Тие преку петиција побараа одговорност од надлежните, побара трансформирање на полициските единици „Алфа“ и „Тигар“ и вработување на нови професионални полициски службеници кои ќе ги почитуваат човековите права.