Достапни линкови

Одговорност за убиството


Протест против полициска бруталност во Скопје на 8 јуни 2011.
Протест против полициска бруталност во Скопје на 8 јуни 2011.

Демонстрантите бараат утврдување на деталите за случајот кога полициски специјалец до смрт претепа 22-годишно момче во Скопје.

Продолжуваат протестите против полициската бруталност во Скопје. Неколку стотини демонстранти, организирани преку социјалните мрежи, и синоќа се собраа на мирни протести во во центарот на главниот град. Ниту силниот дожд не ги поколеба демонстрантите.
Протестите почнаа во понеделник, откако припадник на специјалната единица Тигри до смрт претепа 22-годишно момче. Полицијата во вторникот соопшти дека го уапсила осомничениот, на кого судот му одреди 30 дена притвор. Луѓето што протестираат се сомневаат дека полицијата се обидуваше да го забошоти случајот. Тие бараат
Утврдување на деталите за случајот и одговорност од страна на сторителите-соучесниците. Максимална казна, бидејќи ова е убиство од страна на државата. Многу поважно барање е намалување на моќта на полицијата.

максимална казна за осомничениот за убиството, но како што велат, и одговорност од неговите соучесници.

„Утврдување на деталите за случајот и одговорност од страна на сторителите-соучесниците. Максимална казна, бидејќи ова е убиство од страна на државата. Многу поважно барање е намалување на моќта на полицијата. Тоа значи дека на првата седница на Собранието на Република Македонија, пак ќе мора да се собереме тука и да вршиме притисок врз институцијата.“

Куриозитет на овој протест е што против полициското насилство, заедно протестираат и Македонците и Албанците.

„Стоп веќе. Уште еднаш повторувам. Не сакаме насилство, не сакаме. Животот е во прашање, а сите ние знаеме колку е значаен животот. Животот е бесценет“, изјави еден од демонстрантите на албански јазик.

Трет ден протести против полициска бруталност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00
Директен линк


Демонстрантите повторуваат дека ова е граѓански протест, што нема врска со ни една политичка партија.

„Да има кажеме едно големо „уа“ и за Груевски, и за Црвенковски, и за Ахмети, и за Тачи, и за сите што седат тука“, изјави еден демонстрант, покажувајќи кон Собранието.

Најавуваат дека протестот ќе продолжи и утре и ќе трае до исполнување на нивните барања.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG