Достапни линкови

Твитерџиите „ја притиснаа“ полицијата


Протест против полициска бруталност пред полициската станица Беко на 6 јуни 2011.
Протест против полициска бруталност пред полициската станица Беко на 6 јуни 2011.

Граѓаните се охрабруваат да протестираат против полициското насилство. Организацијата на протестите потекна од социјалните мрежи.

„Од вчера социјалните мрежи станаа срцето на граѓанското општество во Македонија.“ Овој заклучок, што една колешка-новинарка синоќа го сподели на Твитер, со одобрение беше прифатен од речиси целата македонска твитер-заедница, која беше главен иницијатор за
Социјалните мрежи станаа срцето на граѓанското општество во Македонија.
протестите што следуваа по убиството на 22-годишно момче во центарот на Скопје. Осомничен за убиството е полицаец од единицата Тигри, а општ впечаток на мнозинството македонски „твитерџии“ е дека во прв момент полицијата се обиде „да го заташка“ случајот, но ретерираше под притисок на јавноста.

Портпаролот на МВР, Иво Котевски, во понеделник рече дека во недела навечер е пронајдено тело на неидентификуван мртов млад човек, но на него немало видливи траги на насилство. Откако, во медиумите се појавија сведоци, кои тврдеа дека момчето било претепано до смрт од цивил, за кој се сомневаа дека е полицаец, вечерта следуваа протести во главниот град, по што во вторник полицијата соопшти дека нашла осомничен за убиството.

Протести против полициската бруталност на 7 јуни 2011.

Полицијата соопшти дека „одредени лица и групи го злоупотребија моментот односно ситуацијата дека починатото лице не беше идентификувано и не беше познат сторителот и повикуваа на насилни протести“. Дел од демнстрантите денеска го повикаа МВР да не ја пренасочува сопствената вина врз нив, обвинувајќи ги за насилство.

Колкава моќ може да има интернет-сферата покажува и податокот дека во текстот објавен на блогот на угледниот американски весник Вашингтон пост, а кој се повикува на порталот Балкан инсајт, е објавено и аматерско-видео, постирано од македонски блогер и информации што ги пласирале македонските корисници на твитер.

Информациите за претепувањето и протестите може да се следат на твитер со хаштагот #martin или #daniel(За да ги отворите линковите, потребно е да имате отворено корисничка сметка на твитер). Првичните информации од очевидците, пред полицијата официјално да го соопшти идентитетот на убиениот, беа дека убиеното момче се вика Даниел.

Декомпресија на стравот

Невладината организација АГТИС пред неколку дена објави анкета, според која, луѓето се плашат јавно да говорат, но и да присуствуваат на јавни собири, зашто стравуваат дека така ќе го изгубат работното место, дека можеби ќе бидат апсени, ќе добијат прекршочна или кривична пријава од јавен обвинител.

Протест против полициска бруталност во Скопје на 6 јуни 2011.

Претседателот на АГТИС, Александар Цветкоски, денеска за РСЕ вели дека граѓаните одлучиле да престанат да молчат. Молкот, очекувано, го прекинаа младите, вели тој.

„Дури и во онаа бивша Југославија, во 1968 година, првите промени во тој еднопартиски систем беа предизвикани од студентските демонстрации. Тогаш едноставно граѓаните рекоа, тоа се нашите деца, ние мораме да застанеме зад нив. Така треба да се случи и сега, овде,
Јас тука гледам една декомпресија на стравот. Политичарите повеќе не можат да сметаат дека стравот понатаму ќе биде некој значаен фактор во замолчувањето на општеството.
додека не се расчисти овој случај. Младите луѓе многу повеќе и многу појасно ги гледаат работите, поотпорни се на влијание, на политички манипулации, на оние ситничарења околу сопствената позиција или ако сакате опортунизам.“

Цветкоски вели дека луѓето најмногу се плашат да зборуваат, за да не изгубат работа. Младите, пак, најмалку се плашат, зашто во најголем дел се невработени, вели тој.

Претседателот на АГТИС, Александар Цветкоски

„Јас тука гледам една декомпресија на стравот. Политичарите повеќе не можат да сметаат дека стравот понатаму ќе биде некој значаен фактор во замолчувањето на општеството. Полицијата е наша институција, од сите нас, и не може да работи во ничие друго име освен во име на грраѓаните.“

Тој вели дека организацијата на протестите не доаѓа од невладина организација или од политичка партија, туку дека е едно од првите автентични движења на млади луѓе на кои потоа им се приклучија други фактори. Сепак, вели Цветкоски, ова не значи целосно надминување на стравот.
Ова покажува дека има енергија, има доволно свесни поединци кои едноставно нема да дозволат работите да одат така. Трагично е што мораше толку силен настан да се случи, да се изгуби еден млад живот, за да се случи сето ова. Сепак, мислам дека овој настан ќе биде опишан со златни букви во демократската историја на Македонија.

„Ова покажува дека има енергија, има доволно свесни поединци кои едноставно нема да дозволат работите да одат така. Трагично е што мораше толку силен настан да се случи, да се изгуби еден млад живот, за да се случи сето ова. Сепак, мислам дека овој настан ќе биде опишан со златни букви во демократската историја на Македонија.“

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека се надева оти оваа граѓанска иницијатива нема да стане заложник на политичките партии.

„Фактот дека бројот на демонстранти се зголемува, јас мислам дека е начин на праќање на порака до новата влада, дека начинот на владеење кој е исклучив и кој подразбира минимален проток на информациите меѓу владата и граѓаните ќе биде се потешко изводлив и се потешко прифатлив од граѓаните. Јас мислам дека тоа е позитивно за Македонија.“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска соопшти дека „полицијата својот дел од работата го заврши брзо и ефикасно“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG