Достапни линкови

Специјалец осомничен за убиството на момчето


Од протестите против полициска бруталност во Скопје
Од протестите против полициска бруталност во Скопје

Специјалец е приведен како осомничен за убиството на младиот скопјенец во неделата по изборната прослава.

Специјалецот вечерта бил на службена должност односно по усна наредба бил распореден на обезбедување на плоштадот. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Иво Котевски изјави дека откако го идентификувале убиеното момче, припадникот на едниницата за специјални задачи сам се пријавил кај старешината. Тој додава дека кај убиеното момче се констатирани телесни повреди и најверојатно станува збор за насилна смрт, иако според првичните информации не биле
Во зависност од разговорот кој што се води во полиција и се разбира потоа пред истражен судија потоа, очекуваме да добиеме повеќе детали за мотивот и како настанала смртта. Можно е да се работи за убиство од небрежност, но не би сакал да прејудицирам.
забележани видливи траги на насилство и случајот се третира како убиство за кое се уште непознат мотивот.

„Во зависност од разговорот кој што се води во полиција и се разбира потоа пред истражен судија потоа, очекуваме да добиеме повеќе детали за мотивот и како настанала смртта. Можно е да се работи за убиство од небрежност, но не би сакал да прејудицирам.“

Котевски вели дека убиениот носел обележје на ВМРО-ДПМНЕ.

„Убиениот носел симбол на ВМРО-ДПМНЕ. Дали бил член, активист или симпатизер не можам да кажам, но дека имал симболи на ВМРО-ДПМНЕ тоа е факт.“

Тој додава дека до идентификувањето на убиениот немало ниту една пријава од блиски или членови од семејство дека тој вечерта не се вартил дома и се очекува наскоро од неговите најблиски да го идентификуваат телото.

Очевидец, кој вчера сакаше да остане анонимен, сведочи за убиството:

Очевидец на трагичниот настан во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00
Директен линк
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG