Од 500 мештани, сега останале уште неколкумина, кои варат ракија, иако нема со кого да ја пијат, времето го трошат по гробишта, а социјалната помош за телефонска врска со цивилизацијата. Во селото во кое згаснува животот веќе не се слуша ни кучешки лаеж, само по некоја кокошка наместо некогаш пространите трла со овци покажува дека огништата не згаснале. Од под стреите наѕираат забрадени глави, а кога ќе ги отворат замандалените порти среде пустелија наѕира животот.
„Без луѓе што има. Во селото се отанати уште десетина души, сите стари, само двајца се помлади. Сама живеам ми умреа двата сина и мажот, едниот син 45, а другиот 44 години. Примам социјална помош и сега ги дадов за телефонска сметка. Дали телефон, дали струја да платам со тие пари?“
„Немаме луѓе, се испусти селото, уште пет луѓе сме останати. Децата во Битола ни се, што бараме таму да им сметаме? Тука си седиме, мирна ни е главата. Дури им беа мали децата не викаа да ги чуваме, сега не неќат.“
„Секоја година вариме ракија, ја пиеме за панаѓурите за Велигден и Свети Ѓоргија.“
„Во недела ни доаѓаат децата од град. Во дворовите имаме фурни, дома месиме леб, ќе ја запалиме фурната, по еден саат ќе го извадиме топол. И некое парче сланина ќе фрлиме внатре. Ќе се собереме, ќе ручаме и ќе вечераме“, раскажуваат скочивирци.
Селото изумира, иако има добри предиспозиции за развој на селски и планински туризам. Сместено е во подножјето на планината Ниџе, има планинарски дом, а од тука води патека кон врвот Кајмакчалан, каде има црква со урна во која некогаш се чуваше срцето на лекарот Рајс од Швајцарија, кој таму ги лекуваше војниците од Првата Светска војна.
Ова е едно од осумте села во битолскиот дел на Мариово, претежно испразнети со миграцијата село-град. Во нив останати се уште стотина жители, претежно на возраст од над 50 години, а има само десетина деца.