Субвенциите ги привлекуваат стечајците и невработените лица од градот да се вратат во родните села и егзистенцијата да ја обезбедат обработувајќи ги напуштените ниви, но проблем се уште е лошата инфраструктура и недостигот на елементарни услови за живот, вода и струја. Со сличен проблем се соочува селото Добровени на кое не му недостигаат плодни површини за земјоделие и предели за пасишта, но затоа, пак, му фали чиста вода за пиење и технолошка за наводнување.
„Имаше поставено една бушотина во селото. Прво ја испитаа водата дека е исправна, но излезе кисела вода и моторот зариба. Основните услови ги немаме ние во село Добровени. Околу 20 семејства работат тука, садат, куќите им се реновирани исто како во Битола, но не можат да се преселат зашто нема услови. Доаѓаат во петок, сабота, недела. Работат со прашини, креваат улишта, влечкаат води од реките, испотени навечер се враќаат во Битола за едно туширање. И следниот ден пак доаѓаат. Тоа е голем трошок и малтретирање“, вели Љубе Најдовски, претседател на месната заедница во селото.
Иако не е сместено во тешко пристапен планински предел, до Добровени одвај доаѓа струја, па не може да се вклучи апарат за молзење стока или лактофризер.
„Улично осветлување треба да имаме како погранично место. Нема куќа што не е отворена и ограбена. Ноќе немаше осветлување и влегуваа. Струјата има слаб напон. Не можеме да користиме никаков домашен апарат. Дури и вода да имаме, не може да се пушти машина за перење, да не зборуваме за швајцување плугови што им треба на земјоделците. Струјата има 160 волти, а треба 220 волти. Ни телевозор не можеме да користиме. Со тој напон што е, само сијалицата работи“, вели Најдовски.
И покрај постоечката програмата за рурален развој и други села во битолско се соочуваат со сличен проблем. Вода недостига во Живојно, Брод и на други места. До Мариово, пак, нема асфалтен пат. Без решавање на овие проблеми уште многу села ќе исчезнат од географската карта на Македонија.
Основните услови ги немаме ние во село Добровени. Околу 20 семејства работат тука, садат, куќите им се реновирани исто како во Битола, но не можат да се преселат зашто нема услови.
„Имаше поставено една бушотина во селото. Прво ја испитаа водата дека е исправна, но излезе кисела вода и моторот зариба. Основните услови ги немаме ние во село Добровени. Околу 20 семејства работат тука, садат, куќите им се реновирани исто како во Битола, но не можат да се преселат зашто нема услови. Доаѓаат во петок, сабота, недела. Работат со прашини, креваат улишта, влечкаат води од реките, испотени навечер се враќаат во Битола за едно туширање. И следниот ден пак доаѓаат. Тоа е голем трошок и малтретирање“, вели Љубе Најдовски, претседател на месната заедница во селото.
Иако не е сместено во тешко пристапен планински предел, до Добровени одвај доаѓа струја, па не може да се вклучи апарат за молзење стока или лактофризер.
Струјата има 160 волти, а треба 220 волти. Ни телевозор не можеме да користиме. Со тој напон што е, само сијалицата работи.