Достапни линкови

Субвенции за социјален мир?


Според познавачите, субвенциите за земјоделството треба да одат во насока на зголемување на конкурентоста, а не за покривање на трошоците и купување социјален мир

За што треба да се наменат субвенциите за земјоделците и фармерите? Владата одвојува пари од народната каса за земјоделците кои во изминативе неколку години неретко протестираа со истурање млеко по улици, блокади на патишта и палење тутун. Субвенциите не се даваат за покривање на трошоците за производство туку за зголемување на конкурентноста, вели претседателот на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија Ефтим Шаклев во неделното интервју за Радио Слободна Европа
Субвенциите не се даваат за да се покријат трошоците на производството, туку да се зголеми продуктивноста и нашите производи да бидат конкурентни, затоа што се повеќе ќе имаме странски производи на нашиот пазар.


„Субвенциите не се даваат за да се покријат трошоците на производството, туку да се зголеми продуктивноста и нашите производи да бидат конкурентни, затоа што се повеќе ќе имаме странски производи на нашиот пазар.“

Шаклев констатира дека годинава ќе биде посебно тешка за лозарите поради последиците од светската економска криза

„Имаме проблеми со пласманот на грозјето и на виното, но тоа е последица на економската криза во светот и пласманот на грозјето ќе биде навистина голем проблем.“

Од тука и прашањето – ако лозарите пријавуваат загуби и нема побарувачка за грозје или вино, дали со субвенционирањето ќе се обезбеди побарувачка, дали ќе има пласман или народните пари ќе се трошат за „санирање“ на трошоци за производство на култура или готов производ кој нема да се продава? Субвенционирањето, освен за конкурентност, помага и за стимулирање на производството, смета Вељо Тантаров од Сојузот на Земјоделци

„Со овие субвенции како така се покриваат трошоците за производство и нешто останува.“

Но дали парите на граѓаните се трошат за обезбедување на социјален мир со тоа што на фармерите им се покриваат трошоци за производство и им се надоместува за ниските откупни цени? Тантаров вели дека социјалниот мир е само една од придобивките од субвенционирањето.

„Субвенцијата има значајна улога и за конкурентоста на странските, но и домашниот пазар.“
XS
SM
MD
LG