Достапни линкови

Замира органското производство на мед


Неповолните климатски услови, но и намалените субвенции од државата - закана за органското производство на мед.

Органското производство на мед е на удар на глобалното затоплување и на скромната поддршка од државата, се жалат пелагониските пчелари. Временските услови со долги сушни или влажни периоди проследени со силен ветар годинава ги намалија произведените количини. Во вакви услови пчеларите се жалат дека останаа со намалени субвенции од државата. Тие бараат за пчелно смејество да добиваат по 1000 денари како лани, а не 650 како што е предвидено за годинава. Посочуваат дека во органското производство три пати се помали количините
Доколку има поголеми субвенции ќе го зголемиме бројот на пчелни смејства, а вака со 650 денари е многу мала сума. Можеби нема да замри пчеларството, но ќе мораме да се откажиме од органското зашто 650 денари не ги покриваат
трошоците.
мед, а три пати поголеми трошоците за разлика од конвенционалното производство. Пчелите мораат да ги одгледуваат оддалечени од патишта и други индустриски капацитети, да ги хранат природно итн.

„Доколку има поголеми субвенции ќе го зголемиме бројот на пчелни смејства, а вака со 650 денари е многу мала сума. Можеби нема да замре пчеларството, но ќе мораме да се откажиме од органското зашто 650 денари не ги покриваат трошоците“, вели Весна Трпезановска, пчеларка од село Цапари.

Менде Трајковски, претставник на пчеларите во Асоцијацијата на земјоделци, вели дека приносите се скоро никакви досега.

„Во последно време има присуство на разно разни болести и угинувања на пчелни семејства. Ова глобално затоплување тешко не погодува и нас. Некој просек на мед по пчелно семејство е 20 килограми во добра пчеларска година. Но, годинава ни од далеку нема тоа да го постигнеме. Прашање е дали пчелите годинава за нив ќе соберат мед да ја презимат зимата, а не да зборуваме за поголеми количини.“
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG